Author: Sashko

Во Белград, на 75 годишна возраст, почина познатиот актер и член на Југословенско драмско позориште, Милан Лане Гутовиќ. Како што пренесуваат српските медиуми, Гутовиќ починал на Военомедицинската академија во Белград, а информацијата за смртта ја потврдил неговиот син. Деновиве бил примен во болница по изненадувачкото влошување на здравствената состојба предизвикано од коронавирус. Погребот на Гутовиќ е закажан за сабота (28 август) во 12 часот, објави РТС. Гутовиќ е роден на 11 август во 1946 година. Академија за театар, филм, радио и телевизија заврши во Белград во 1967 година. Беше еден од познатите „Бојанови бебиња“, заедно со неговите колеги од класата…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на сплитски Хајдук, Јани Атанасов доби повик од селекторот Благоја Милевски да биде дел од А репрезентацијата на Македонија за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство во Катар во 2022 година. Поранешниот капитен на репрезентацијата до 21 година добива шанса да биде дел од најдобриот национален состав, откако стана извесно дека Аријан Адеми од Динамо Загреб нема да може да се стави на располагање на тимот за натпреварите против Ерменија (2 септември), Исланд (5 септември) и Романија (8 септември). Неизвесно е доаѓањето и на Бобан Николов од молдавски Шериф поради позитивен тест на коронавирус.

Read More

Изјава за медиуми на министерот за здравство, Венко Филипче, директорот на УК за Кардиохирургија, Сашко Јовев и националниот координатор за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска по денешната трансплантација на срце

Read More

Напаѓач вооружен со автоматска пушка уби тројца полицајци и член на приватно обезбедување пред зградата на француската амбасада во главниот град на Танзанија, Дар ес Салам, пред да биде убиен, соопшти денеска полицијата. Нападот и жртвите ги потврди главниот полициски инспектор Симон Сиро во краткото видео објавено на информативниот портал „Милард Ајо“ во Танзанија, пренесува агенцијата Хина. Уште шест лица се повредени во нападот, а мотивите засега се непознати, изјави полицискиот командант, Либератус Сабас. Претседателката на Танзанија, Самија Сулуху Хасан испрати сочувство до семејствата на жртвите и рече дека е шокирана од убиството на полицајците и чуварот.

Read More

Банките во главниот град на Авганистан повторно се отворени, за првпат откако талибанците ја презедоа власта во земјата на 15 август. Сепак, многу луѓе сè уште имаат проблеми со пристапот до своите заштеди, пренесува британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“. „Кабул банка“ почна да опслужува клиенти, но не одобрува повлекување на големи суми пари. Отворени се и други банки, од каде велат дека не можат да дозволат повлекување пари поради недостиг на готовина од авганистанската централна банка. Затворањето на банките ги влоши и другите проблеми во Кабул – како што се зголемените цени на суровините. Во меѓувреме, компанијата за трансфер на пари…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган порача дека муслиманите мора да преземат одговорност за својот мир и просперитет, како и за безбедноста и иднината на целото човештво, јави агенцијата „Анадолија“. Ердоган, во видео-обраќањето на денешното четврто Генерално собрание на Форумот на млади на Организацијата за исламска соработка (ОИС), истакна дека „сме сведоци на еден од најбурните периоди во историјата на човештвото, време во кое безбедносните проблеми, терористичките активности и епидемијата се постојано на светската агенда, поради што не може во целост да се постигне посакуван мир и благосостојба“. Тој оцени дека тие проблеми, кои се закануваат на целото човештво, за жал,…

Read More

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата во Албанија, денеска одлучи да продолжат анти-ковид мерките, меѓу кои и т.н. „полициски час и упати апел до граѓаните на нивно почитување и што поитна имунизација. Претседателката на комитетот и заменик министерка за здравство Мира Ракацоли, на прес-конференција, изјави дека постојните мерки ќе останат во сила, притоа повикувајќи ги граѓаните да ги почитуваат. Бројот на заразени е значително зголемен, а причина е присуството на делта варијантата. Бројот на заразени, а невакцинирани лица е 32 пати поголем од вакцинираните. Хоспитализирани со тешки форми се претежно невакцинирани. Ситуацијата може да се контролира со почитување…

Read More

Најавените рестрикции за невакцинираните лица против ковид-19 не се донесени за поделби во општеството, ниту за стигматизација, истакна портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому во интервју за грчката телевизија „Антена“. Тој објасни дека целта на Владата е да го заштити општеството, да ги заштити граѓаните и оние кои веќе се вакцинираа и ги почитуваа мерките во изминатиот период. Ги гледате бројките. Вчера имавме 370-380 луѓе на интензивна нега. 90 отсто од нив се невакцинирани, Експертите велат дека невакцинираниот има 13 пати поголема можност да се разболи и да биде приклучен на апарати. Што треба да направи Владата? – Да седи…

Read More

Советот на министри на Бугарија го продолжи траењето на прогласената вонредна епидемиска состојба, од 1 септември во 2021 година до 30 ноември 2021 година, пренесува БТА. Според Светската здравствена организација (СЗО), заклучно со 5 август, вкупниот број случаи на ковид-19 во светот надмина 200 милиони, потсетува БТА. Европскиот центар за превенција и контрола на болести, пак, укажува дека вкупната инциденца на ковид-19 во Европската Унија (ЕУ) и Европската економска област за периодот од 2 до 8 август изнесува 209,2 на 100.000 жители во споредба со 214,0 на 100,000 една недела претходно, додека вкупниот морталитет изнесувал 6,3 смртни случаи на еден…

Read More

Околу 19.000 луѓе беа евакуирани од Кабул во вторникот, а вкупно 82.300 од 14 август, соопшти Белата куќа, во услови кога меѓународната заедница се обидува да извлече што е можно повеќе луѓе од Авганистан до 31 август, кога е рокот за повлекување на странските војници од таа земја. Талибанците кои ја презедоа контролата над Авганистан, во повеќе наврати соопштија дека немаат намера да го пролонгираат рокот. Во изминатите 24 часа се реализирани 42 американски воени летови и 48 на коалициските сили кои помагаат во евакуација на луѓе од главниот град на Авганистан, меѓу кои дипломати и Авганистанци кои соработувале со…

Read More

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ги објави имињата на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори кои беа утврдени на вчерашната седница на Извршниот одбор (ИО) на владеачката партија. Прилеп – Горан Сугаревски Карпош – Душко Весковски Аеродром – Александар Филиповски Велес – Ненад Коциќ Тетово – Хенди Елезовиќ Кавадарци – Горан Тодоров Свети Николе – Сашо Велковски Сопиште – Сашо Стојановски Јегуновце – Дарко Блажевски Кратово – Влатко Бојковски Чешиново – Облешево – Горан Крстев Зрновци – Виктор Ангелов Илинден – Александар Тодоровски Демир Хисар – Стевче Митревски Ново Село – Ѕвонко Ангелов Брвеница – Мирко Стојановски

Read More

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла изјави дека експертите од светската биофармацевтска компанија сметаат дека најверојатно ќе се појави сој на вирусот што е отпорен на вакцини против ковид-19. Секогаш кога ќе излезе некоја варијанта во светот, нашите научници се обединуваат против неа и проучуваат дали таа варијанта може да избега од заштитата на нашата вакцина. Сè уште немаме идентификувано, но веруваме дека еден ден ќе се појави, изјави Бурла за „Фокс њуз“. Бурла, сепак, додаде дека „Фајзер“ може да произведе верзии на својата вакцина за борба против варијантата во рок од три месеци од нејзиното откривање. „Изградивме процес со…

Read More