Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Сојузот на средношколци го повика Просветниот инспекторат да ги објави имињата на училиштата што незаконски им наплаќаа за свидетелства на своите ученици. – Знаеме кои сте вие и си знаете кои сте вие. Да ги вратите парите на учениците што ги наплативте за свидетелства, порачуваат од Средношколскиот сојуз. Некои училишта прават бизнис од јавното образование, нагласуваат од Сојузот, чудејчи се зошто Бирото за образование од неразјаснети причини не ги обезбедило свидетелствата. – Во година во која наставата беше онлајн со полуобучени или воопшто необучени наставници, срамно е на учениците да им се наплаќа за свидетелства, велат од Средношколски сојуз. Станува…
Владата ги објави резултатите за одобрени средства преку јавниот повик за финансиска поддршка за ндустријата за организација на настани што се поврзани со одбележување на 30 годишнината од независноста на Македонија. Станува збор за сума од 61.499.421 милион денари или околу милион евра кои се распределени на 33 правни лица, односно на продукции и друштва за сценско-културни дејства, за проекти кои содржат музички концерти, театарски претстави, предавања, туристички прошетки, едукативни работилници, поетски читања, итн. Еден од условите во јавниот повик беше овие правни лица да се обврзат дека задолжително ќе ангажираат домашни изведувачи. Меѓу правните лица на кои им се…
Грција на 1 јули ќе отвори два гранични премина, по еден кон Македонија и Албанија, јавува дописничката на МИА од Атина, повикувајќи се на пост на Фејсбук на грчката општина Преспа, Панајотис Пасхалидис. – Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис на Фејсбук. И од двете страни на границата, и од Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија). Од граничните премини меѓу Македонија и Грција, од грчка страна е отворен само преминот…
Владата на Црна Гора го отповика Бранко Азески од функцијата почесен конзул во Македонија. Во образложението на таквиот потег, како што пишува „Дан“, се наведува дека „конзулот се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките државни органи на власта во Црна Гора, истакнувајќи свои лични забелешки и предвидувања во поглед на работата на Владата“. Одлуката за отповикување на Азески е донесена на последната седница на црногорската влада. – Се отповикува Бранко Азески од должноста почесен конзул на Црна Гора во Штип, Република Северна Македонија, со надлежности за Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и Чешиново-Облешево, се…
Денеска точно во 11:08 часот во Северната земјина хемисфера пристигнува летото. Метереолошките најави, особено за неделава пред нас, го потврдуваат тоа и со висината на температурите, Па така почнувајќи од денеска, живата на термометарот од 36 степени колку што се очекува да изнесува, до четврток и петок ќе се искачи на 41 степен, поради влијанието на топла воздушна маса од југ. За денеска се очекува да има и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, УВ индексот ќе биде 8, а во деновите пред нас 9. Овие температурни осцилации не минуваат без зголемени повици во Итната медицинска помош,…
По повод Светскиот ден на крводарителството, Црвениот крст на Македонија се приклучи кон глобалната кампања за промоција на крводарителството под мотото „Дарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи”. Денеска, заедно со Институтот за трансфузиологија ќе додели плакети на министерствата за здравство, за внатрешни работи и за одбрана во знак на благодарност за досегашната соработка. Како што е најавено, плакетите ќе ги подигнат министрите Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска Јанковска, а ќе ги врачи генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити. – Пристапот до безбедна крв за сите оние кои имаат потреба и натаму…
На сред акцијата за рушење на бесправно изградени објекти на охридско-струшкото крајбрежје, Струшката локална самоуправа по повод Денот на езерото, ќе го промовира проектот со кој за 110.000 евра е осветлена реката Црн Дрим во сино, како дел од поширокиот проект за осветлување на речното корито. Како што се е наведено во постот на профилот на општина Струга на Фејсбук, проектот вклучува инсталација на арматура што е изработена од нерѓосувачки челик и отпорна на корозија. Должината на осветленото корито е 900 метри, а арматурата поставена од двете страни на коритото е во должина од 1.800 метри. Екологистите го критикуваат проектот…
„Црна кутија“ ќе биде задолжителна во сите нови автомобили во Европската Унија (ЕУ) од наредната година, а од 2024 година ќе ја имаат сите возила што ќе бидат регистрирани за првпат. Тоа е уред што треба да открие до најмалите детали сè што се случило во моментите пред сообраќајна несреќа. Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага при експертиза. „Црната кутија“ не е новитет во автомобилската индустрија. Некои нови возила веќе ја имаат и обично се наоѓа помеѓу возачкото и совозачкото седиште во модулот за воздушни перничиња.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а УВ индексот ќе биде 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 25 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 33 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, во наредните денови времето ќе…
Државата, веќе неколку денови по ред, бележи тренд на намален број на новозаболени со ковид-19. Во вчерашната статистика од Министерството за здравство (МЗ) беа регистрирани осум новозаболени, а немаше починати пациенти. Вкупно 3.265 тестирања беа направени во текот на вчерашниот ден. Од осумте новозаболени, тројца заразени се во Скопје, двајца во Струмица и по еден во Куманово, во Велес и во Кичево. Притоа беа регистрирани 72 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 23, од Куманово, од Прилеп и од Кичево – по 7, од Гостивар и од Охрид – по 6, од Битола – 5, од Тетово – 4,…
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Маестро Симон Трпчевски вечерва ќе одржи концерт во Букурешт, во рамки на Македонската недела во романската престолнина во организација на Владата на Македонија и на Амбасадата, на кој како специјални гости се најавени играчите и стручниот штаб на фудбалската репрезентација. Македонскиот пијанист со светско реноме е страствен навивач на фудбалските репрезентативци што го потврдил многупати досега, а беше крај нив и за време на дебитантскиот настап на ЕП 2020 против Австрија во неделата за што објави фотографии на својот профил на Твитер. Фудбалската репрезентација на Македонија утре попладне (15 ч.) ќе игра…
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Еден пораз не смее да ја напушти атмосферата во репрезентацијата. На настани како Европско првенство немате време за радување и ли тагување. Професионалци сме и против Украина ќе мора да ги искористиме позитивните моменти од дуелот со Австрија. На Европското првенство не дојдовме како туристи, поседуваме квалитет што очекувам да го демонстрораме и во утрешниот натпревар, порача заменик капитенот во фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски пред дуелот со Украина на Националната арена во Букурешт во второто коло во групата Ц на Европското првенство. – Се може да се очекува денеска во…