Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Сите основни субвенции во сточарството се исплатени, оние што се по грло, а за предадено млеко се исплаќаат согласно утврдената динамика и доцнат само две фази, но тоа не се две години, туку неколкумесечен период. Уште тие остануваат за исплата. До 31 декември ќе биде сè исплатено и во новата 2023 година, за првпат по 15 години, да влеземе без денар долг кон сточарите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Како што информира Николовски, со интервентната мерка што утре ќе помине на Влада, за сточарите ќе се обезбедат уште два милиона евра поддршка, а паралелно се…
Претседателот на Сојузот на спортови на Скопје и основач на триатлонот во Македонија, Ѓорѓи Кузмановски почина денеска на 80 годишна возраст. Кузмановски е роден на 15 јануари во 1942 година. Уште од најмала возраст се вљуби во спортот. Најпрво почнал со тренинзи во ракометниот клуб Пелистер Битола, а паралелно тренирал и фудбал, сè додека не го открие велосипедизмот и тој да стане примарна цел во неговиот живот. Неговата љубов кон велосипедизмот и мотоциклизмот ја негуваше низ целиот живот. Како страствен велосипедист напишал и публикувал три книги посветени на велосипедизмот кои станале драгоцен прирачник за сите кои се занимаваат со овој…
Бензинот Еуросупер БС-98 поевтинува за денар, Еуросупер БС-95 за половина денар, додека Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапуваат за денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 87,5 денари. Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,623 денари за килограм и ќе изнесува 49,768 денари. Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени…
Балкан Енерџи Груп БЕГ – Производство нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија, наведе денеска компанијата во соопштение по информациите дека треба да продолжи да испорачува топлинска енергија во новата грејна сезона до изборот на нов носител на лиценцата. Од компанијата наведуваат дека, согласно со член 51 од Законот за енергетика имале законска обврска да продолжат да ја извршуваат дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов…
Европската Комисија (ЕК) поднесе предлог за потпишување на договор меѓу Европската Унија (ЕУ) и Северна Македонија за Фронтекс, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Комисија го поднесе предлогот за договор со граничната и крајбрежна агенција на ЕУ, Фронтекс, на 23 септември до Советот, т.е. земјите членки на ЕУ. Договорот досега е блокиран поради Бугарија која не се согласуваше со употребата на терминот „македонски јазик“ во текстот на договорот. Во соопштението на ЕК се наведува дека предлогот ќе помогне да се зајакне капацитетот на Фронтекс во најблиското соседство на ЕУ, преку помош за властите во земјава да се справат со…
Германскиот канцелар Олаф Шолц е позитивен на ковид-19 по враќањето од посетата на Блискиот Исток, соопшти денеска владиниот портпарол. Германскиот лидер имал „благи симптоми“ на настинка, а откако тестот покажа дека е позитивен на коронавирусот, замина во изолација во неговиот апартман во владата, рече Штефен Хебештрајт. „Неговите состаноци закажани за следните неколку дена ќе се одржат виртуелно“, додаде портпаролот. Шолц е позитивен на коронавирусот по неговата кусата турнеја овој викенд во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, чија цел беше да се најдат нови извори за снабдување со енергија за Германија.
Тоа што направи Русија е кршење на меѓународното право и на европската безбедносна архитектура. Многу е важно Украина да победи во оваа војна. Нема да признаеме никакви референдуми ниту резултати од такви референдуми, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешниот редовен брифинг со новинарите во врска со референдумите во окупираните територии од Русија во Украина. „Ме чуди што 25 посто македонски граѓани сметаат дека руската агресија врз Украина е оправдана, тоа е против националните и државните интереси на нашата земја”, додаде Османи.
Координаторот на „Отворен Балкан“ во Владата, Марјан Забрчанец, за белградска „Политика“ најавува дека наскоро ќе се активира идентификациски број за граѓаните на Северна Македонија, на Албанија и на Србија, благодарение на што ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од тие три земји. „Многу наскоро ќе се активира идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан“ (ОБ ИД број), благодарение на што тие ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од овие три земји, без нострификација на дипломите, чекање на работни дозволи и какви било други административни бариери“, изјави Забрчанец за „Политика“. Како…
Едно лице е повредено во инцидент што се случил во регрутен центар во рускиот далечен исток. Вооружен маж со пиштол отворил оган во центар за воена регрутација во Иркутската област, при што е тешко ранет комесар за регрутирање, соопшти официјален претставник на локалните власти. „Воениот комесар Александар Јелисеев е на реанимација и се наоѓа во многу тешка состојба. Напаѓачот веднаш е уапсен, ќе биде казнет“, објави преку Телеграм гувернерот на Иркутската област, Игор Кобзев. Footage purporting to show a would-be conscript shooting a military recruitment officer in Irkutsk, Siberia. Earlier reports that the man died in hospital are unconfirmed. There…
Развојот на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, која се фокусира на одбранбената политика, логистиката, воената медицина воената едукација и обука, персоналниот менаџмент, развојот на инфраструктурата, сајбер безбедноста и цивилно-воената соработка, беа теми на разговор на денешната средба на министерката за одбрана Славјанка Петровска со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и новопоставениот одбранбен аташе, потполковникот Ханс Петер Вамслер. „Нашите две земји имаат традиционално одлични односи кои се пресликуваат и во одбраната. Германија е наш посветен партнер и сојузник во Алијансата кој отсекогаш нè поддржувал во достигнувањето на стратешките цели и за тоа сме особено благодарни“, истакнала министерката на…
Најмалку шест лица, меѓу кои и деца, се убиени во пукање што се случи утрово во училиштето 88 во Ижевск во Русија. Според првичните информации, напаѓачот извршил самоубиство. Министерството за внатрешни работи на Русија го потврди нападот и убиствата на шест лица. „Убиени се шест лица, а повредени се 20“, соопшти руското МВР. ⚡️#Russian Telegram channels report that the gunman who attacked the school shot himself. The number of injured children has risen to 9. pic.twitter.com/2BTCcNuYk6 — NEXTA (@nexta_tv) September 26, 2022 Гувернерот на Република Удмуртија, Александар Бречалов потврди дека во нападот е убиено лице од обезбедувањето во училиштето 88,…
Подрачјето на Дубровник ноќеска беше зафатено од силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд предизвикаа поплави во делови од градот и го парализираа сообраќајот. „Поплава во Дубровник. Обилно врне дожд повеќе од еден час. Водата почна да навлегува во куќи во некои делови од градот“, беше само еден од многуте коментарите на социјалните мрежи за невремето во Дубровник. My summer holiday in Dubrovnik, Croatia. Apparently they’ve had four days of rain all year and now this 🤣 pic.twitter.com/CpcbcZxslM — Zara Janjua Presenter/Journo/Writer/Producer/Actor (@TVZaraJ) September 25, 2022 Локалниот Либеропортал објави дека синоќешните врнежи го парализирале сообраќајот во потесното градско подрачје…