Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од 1 до 10 степени, а дневните од 14 до 22 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне 20 степени. За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен од почетокот на следната седмица. Според прогнозата на УХМР, од вторник…
Канцеларијата за регрутирање на руската војска и административната зграда беа нападнати во текот на ноќта во четвртокот, среде националните протести против наредбите за „делумна“ мобилизација на претседателот Владимир Путин, пренесува The Moscow Times. Според локалната веб-страница за вести nn.ru, во градот Нижни Новгород на 440 километри источно од Москва, напад со молотов коктел предизвика мал пожар во локалната зграда за пријавување. На лице место биле пронајдени парчиња од стаклено шише. Властите соопштија дека нападот предизвикал мала штета на стоматолошката ординација на зградата, соопшти про-Кремљ Телеграм каналот Mash. Во текот на ноќта се запали и воена канцеларија во вториот по големина руски град Санкт Петербург, а…
Вчера во Русија се уапсени најмалку 1.500 лица во 38 градови кои протестираа против најавената мобилизација, соопшти невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на акции на полицијата. Ова се најголемите протести во Русија од демонстрациите кои избија по најавата за почеток на руската офанзива во Украина во февруари. Насилни апсења на демонстрантите против мобилизацијата на Путин и воената агресија врз Украина Новинарите на Франс прес во Москва сведочат за најмалку 50 приведени на една од главните улици, а во Санкт Петербург полицијата наполнила автобуси со уапсени луѓе. Се вели дека неколку стотици демонстранти биле уапсени во Москва и во Санкт…
Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким изјави дека ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“. „Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори вклучително и Отворен Балкан на таков начин што тие ќе бидат консеквентни и ќе придонесат за интеграција на земјите од регионот во Европската Унија“, изјави амбасадорката. Таа учествуваше на конференцијата на тема „Албанско-американските односи во 20 век“ на која во обраќањето оцени дека „историјата на односите меѓу Албанија и САД е уникатна“. „Режимот на Енвер Хоџа се обиде да го отруе пријателството меѓу Албанците и Американците. Беше мрачно време, но Албанците никогаш не заборавија дека имаат пријател далеку, а Американците…
Уникатниот микс на Медитеранска и Континентална клима на нашето поднебје создава одлични услови за производство на квалитетен македонски мед, кој потекнува од недопрени планински или ливадски предели, па така бројот на одгледувалишта од година в година сè повеќе се зголемува, се вели во постот на Фејсбук профилот „Вкуси го животот“ (Taste the life). „Денеска во Северна Македонија постојат околу 7.000 пчелари, со повеќе од 300.000 пчелни семејства кои произведуваат врвен мед, со исклучителни хранливи и лековити својства, како и голем број останати пчелни производи. Бојата, аромата и вкусот на медот варираат зависно од видот на медоносните растенија во близина на…
Јавниот обвинител на Њу Јорк, Летиција Џејмс поднесе тужба во која ги обвини поранешниот претседател Доналд Трамп, трите негови возрасни деца и директорите во неговата компанија за флагрантно манипулирање со проценките на имотот и другите средства за да ги измамат заемодавачите, осигурителните брокери и даночните власти да им дадат подобар банкарски заем и стапките на полисата за осигурување и да се намали нивната даночна обврска, пишува Вашингтон пост. Граѓанската жалба на 222 страници бара од Врховниот суд на Њујорк да им забрани на Трамп, како и на Доналд Трамп Џуниор, Иванка Трамп и Ерик Трамп, да служат како директори во која било…
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) бара да продолжи примената на Законот за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата до 31 октомври во 2024 година. „Нашето барање е членот 11 кој во постојниот закон гласи: „Овој закон ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година“ да се измени и да гласи: „Овој закон ќе се применува од 1 ноември 2022 година до 31 октомври 2024 година“, информираат од ОРМ. Оваа иницијатива, како што посочуваат, е покрената по направените консултации со нивните членки. „Имајќи ја предвид моменталната економска и…
„Адора Инженеринг“ која пред повеќе од една година ги купи топланите „Исток“ и „Запад“, сака да ги продаде по иста цена по која што ги купила. Во денешното соопштение од компанијата информираат дека на 18 август до нив е пристигнато барање од ЕСМ за доставување на понуда за продажба на имотот. „Во најдобар интерес на дејноста и граѓаните, „Адора Инженеринг“ одговори дека е согласна со ова барање и сме спремни доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме“, се вели во соопштението. „Адора Инженеринг“…
Русија се плаши од вистински преговори со Украина и не сака да исполнува никакви меѓународни обврски, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот говор на Генералното собрание на ОН, јави дописникот на Укринформ од Њујорк. „Русија се плаши од вистински преговори и не сака да исполни никакви фер меѓународни обврски. Ги лаже сите. Како што е типично за агресорите, за терористите. Дури и сега, кога Русија зборува за преговори, таа само сака да го забави повлекувањето“, рече Зеленски. https://www.youtube.com/watch?v=5eWjC0rEkTw Според него, Русија сака да ја помине зимата на окупираната територија на Украина и да подготви сили за обид за нова офанзива, „но…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да ѝ се помогне на Украина, но никако за таа да ја нападне Русија. „Наша должност е да ѝ помогнеме на Украина како што правиме, да ја заштитиме нејзината територија, а не за таа (Украина) да може да ја нападне Русија. Ние не сме во војна со Русија“, изјави Макрон за француската онлајн телевизија BFMTV. Според него, целта е Украина да пружи отпор, да си го врати суверенитетот, а Русија да седне на преговарачка маса. Францускиот претседател ја оцени најавата на Русија за мобилизација на резервистите и заканата од употреба на нуклеарно…
Не располагаме со индикации за влошување на безбедноста во моментов. Генерално, безбедноста претставува сериозен предизвик поради случувањата со инвазијата на Русија врз Украина. Нашите безбедносни служби работат во полн капацитет во однос на заштитата на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Во изјава за медиуми по отворањето на Научно-стручната дебата на тема „Јавната и приватна безбедност, преку координација и соработка до заедничка превенција на безбедносните ризици и закани“, што се одржува на Филозофскиот факултет во Скопје, министерот Спасовски рече дека членството во НАТО практично ни гарантира безбедност. „Значењето на тоа членство во…
Во изминатите 24 часа се убиени седум цивили во руските напади на Запорожје, Доњецк и Дњепропетровск
Едно лице загина, а уште пет се повредени како резултат на руски ракетен напад врз Запорожје, објави на Телеграм Олександр Старук, шеф на регионалната воена управа на Запорожје, пренесува агенцијата Укринформ. „Утрото непријателот лансираше проектили врз регионалниот центар. Уште еднаш окупаторот ги гаѓаше инфраструктурните објекти. Оштетени се станбени згради наоколу. Според првичните информации, едно лице загина“, напиша тој. Повредени се уште најмалку пет лица, додаде тој. Сите служби работат на лице место. Како што објави Укринформ, утрото на 22 септември, непријателот лансираше девет проектили врз Запорожје. Според заменик-шефот на Кабинетот на претседателот Кирило Тимошенко, погодени се хотел во централниот парк на…