Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Утрото околу 9 и 11 минути е почувствуван земјотрес со јачина од 3,6 степени, според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил во близина на селото Брвеница, тетовско или на 32 километри од Скопје. Земјотресот е почувствуван и во Желино, Боговиње, но и во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од Тетово, на длабочина од 2 километри.
Во рамки на тродневната посета на Турција, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, имаше средба со градоначалникот на градот Конја, Угур Ибрахим Алтај, на која се потпиша протокол за соработка, а како гест и потврда за воспоставените пријателски односи и соработка, градоначалникот Алтај за потребите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе обезбеди противпожарно возило. „На работните средби кои ги остваривме во градот Конја договоривме конкретна соработка со градоначалникот Алтај, при што морам да го потенцирам пријателскиот и пречек и од желбата за интензивирање на билатералната соработка, која резултираше со гест на потврда на овие заложби од страна на Градот Конја,…
Заклучувањето на вратите на пленарната сала е деловничко право, а опозицијата сакаше да создаде хаос со истите методи како што го создаде 27 април, се брани собранискиот спикер откако синоќа медиумите известуваа дека во парламентарната сала за седници се случи преседан со заклучување на вратите на салата по наредба на претседателот Талат Џафери. „Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата, на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник, поддржан од најмалку десет пратеници. Поточно, членот 97 од Деловникот на Собранието на Република Македонија предвидува дека за време на поименичното изјаснување на пратениците вратите на салата во која се…
Новинарите од западните земји ќе бидат протерани од Русија доколку YouTube го блокира пристапот до брифинзите на Министерството за надворешни работи на Москва, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија. Портпаролката на Министерството Марија Захарова, која одржува брифинг за новинарите еднаш неделно, рече дека Министерството го предупредило YouTube да не ги блокира нејзините содржини. Захарова беше цитирана од руската државна новинска агенција Тасс како вели: „Им рековме: ‘Блокирате ли еден брифинг – еден новинар или американски медиум си оди дома. Блокирате ли друг брифинг ќе именуваме уште еден конкретен западен новинар или конкретен медиум што ќе си оди дома“. Таа…
Вчера попладне околу 14.45 часот во полицијата во Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот, патничко моторно возило „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во општата болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, кои се констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител…
Двајца заробени руски војници се изјаснија за виновни за гранатирање град во источна Украина, во вториот судски процес за воени злосторства откако руските трупи ја нападнаа земјата. Александар Бобикин и Александар Иванов признаа дека се дел од артилериската единица која гаѓала цели во областа Харков од областа Белгород во Русија. Гранатирањето уништи образовна институција во градот Дерхачи, соопштија обвинителите. Бобикин и Иванов, опишани како артилеричар и стрелец, биле заробени откако ја преминале границата и продолжиле со гранатирањето, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител. На судењето во окружниот суд Котелевска во централна Украина, Бобикин изјави пред судот: „Целосно сум виновен за делата…
Португалската влада ја одобри продажбата на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, кој е во сопственост на Роман Абрамович, руски бизнисмен и приврзаник на Кремљ. Абрамович е под санкции на британската влада и неговиот имот е замрзнат. Тој го стави клубот на продажба на почетокот на март по руската инвазија на Украина, велејќи во тоа време дека тоа е „во најдобар интерес на клубот“. Абрамович има португалско државјанство и поради санкциите, владата во Лисабон требаше да ја одобри продажбата. „Португалското овластување е резултат на гаранцијата дадена од британските власти дека средствата од продажбата ќе се користат за хуманитарни цели, без директна или индиректна корист…
Ако ме прашате денеска, немаме причина да го укинеме ветото за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, бидејќи до денес не е постигнат напредок. Ова го изјави заменик-претседателот на Националното собрание на Бугарија, Кристиан Вигенин, за Бугарската национална телевизија. „Денес немаме причина да кажеме дека треба да се укине ветото. Ако ништо не се случи, нема шанси да го укинеме ветото. Ние мора да ги следиме нашите цели. Тоа е ставот на Бугарската социјалистичка партија“, рече тој. Вигенин, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија и поранешен европратеник, смета дека е неопходно да се…
Бројот на потврдени случаи на мајмунски сипаници ширум светот достигна 291, но заразата не е ендемична. Ова се вели во извештајот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, пренесе АФП. Повеќе од десет земји, претежно во Европа, каде што овој вид сипаници се ретки, потврдија најмалку по еден случај. „Ова е првпат во Европа да бидат пријавени заразени луѓе без познати епидемиолошки врски со Западна или Централна Африка, каде што болеста е ендемична“, се вели во извештајот. Повеќето случаи на инфекција се кај млади мажи кои се идентификуваат како мажи кои имаат секс со мажи. Во Велика Британија,…
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски со претставници од Министерството за внатрешни работи и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје, беше на средба со граѓаните кои живеат околу Зелениот пазар. На средбата жителите се запознаа со маалските редари кои ќе се движат низ овој дел од населбата. Од позорникарите граѓаните добија совети како да го обезбедат домот пред заминување на годишни одмори, но и совет секоја сомнителна активност да ја пријавуваат. Исто така на средбата стана збор за засилени акции на дивите продавачи како и разговор со позорникарите за секое прашање кое ги мачи граѓаните и се однесува на…
Портпаролот на Одделот за јавна безбедност во Тексас, поручник Крис Оливарез, во разговор за CBS News детално го опиша настанот со пукањето. Тој рече дека убиецот, познат како Салвадор Рамос на возраст од 18 години, откако ја застрелал својата баба во неговиот дом се упатил кон училиштето, влетувајќи таму со својот автомобил. Тој наишол на отпор од органите на редот кога влегувал во училиштето, но успеал да влезе во училницата за четврто одделение, каде што се забарикадирал и почнал да пука. Оливарез го опиша ужасниот настан, објаснувајќи дека органите на редот го слушале како пука во училницата но немало како…
Почнаа да се објавуваат имињата на првите жртви на пукањето во училиштето во градот Увалде во Тексас, во кое загинаа 19 деца и двајца возрасни. Осумгодишниот Узија Гарсија е идентификуван од неговото семејство како едно од децата убиени во нападот. „Најслаткото мало момче што некогаш сум го познавал“, изјави дедото на Гарсија, Мани Ренфро, за Асошиетед прес. „Не го велам тоа само затоа што ми беше внук“. Ренфро рече дека Узија последен пат го посетил во Сан Анџело за време на пролетниот распуст. „Си игравме со дофрлање топка, го учев на трикови за додавање. Тој беше брзо мало момче…