Author: Соња Петрушевска

Антикорупциската комисија денеска побара да се поништи огласот за  вработување на Клиниката за стоматологија „Св. Пантелејмон“ од 2018 година, да се разреши директорката Амела Цана и да се поведе постапка за кривична одговорност против неа за злоупотреба. Антикорупциската комисија утврдила дека вработените на овој оглас не биле избрани по објективни критериуми, туку директорката го искористила своето дискреционо право. Софка Дојчиновска  член на  Антикорупциска која го води овој предмет кажа дека директорката на Стоматологија која била повикана да одговори на наводите од пријавата која била доставена до Комисијата од лице кое било одбиено на огласот, „не ги уверила дека при изборот…

Read More

Антикорупциската комија на денешната седница едногласно одлучи за утврдување кривична одговорност за градоначалникот на Сарај Блерим Беџети за непостапување за платформата на Матка. На овој предмет Антикорупциска работеше повеќе месеци и врз основа на добиените документи од надлежните институции и од Општината заклучиле дека градоначалникот, иако имал законска обврска, не го одбил барањето за легализација на дивоградбата која е во делот на заштитено подрачје. Според членот 22 од Законот за локална самоуправа кој го цитираше претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, градоначалникот е должен да носи одлуки за управни спорови, да се грижи за животната средина, што во овој случај не…

Read More

Сеад Кочан е хоспитализиран во приватна болница велат од Кривичниот суд.  Во меѓувреме тој поднел ново барање за одложување на затворската казна, откако Судот два пати ги одби неговите барања  и тој требаше да почне со издржување на затворската казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“. „До надлежниот судија за извршување санкции доставено е ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор по кое барање судот веднаш се обрати до приватната клиника каде е хоспитализиран осудениот за добивање на целокупната документација поврзана со барањето. По добивање на неопходната документација надлежниот судија дополително ќе одлучи дали барањето…

Read More

„ВМРО ДПМНЕ бара целосно демонтирање на СЈО и на Обвинителството за борба  организиран криминал, затоа што не се согласува сите обвинители и вработени во СЈО да преминат во Обвинителството за борба организиран криминал, ниту ова Обвинителство да продолжи со истрагите од прислушуваните разговори“ рече министерката за правда Рената Дескоска по средбата со преставници на ВМРО ДПМНЕ околу новиот Закон за јавно обвинителство. Доколку се прифатат барањата на опозицијата, многу истраги и предмети на СЈО ќе застарат. „ Според барањето на ВМРО ДПМНЕ неизвесна треба да биде судбината на сите лица кои се вработени во СЈО, лица кои се вработени на…

Read More

„Не сакам ни да помислам дека може да дојде до тоа – јас да кренам рака против Македонија е недозволиво“ одговори премиерот на Бугарија Бојко Борисов на прашањето дали Бугарија може во октомври да го блокира почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. „Ако дотаму стигне работата ќе ни се смее цела Европска унија. Ова прашање е понижување за двете земји – ако јас речам да и мојот колега ќе рече – ако ни ставате такви услови и ние ќе бидеме против“ рече Борисов на заедничката прес конференција со премиерот Заев. Борисов е  во посета на земјава на двегодишнината од…

Read More

Во Општина Карпош немало, а нема ниту во моментот, ниту предмет, ниту одобрение, ниту решение, ниту каков било друг правен акт што се однесува на дом за возрасни лица. Такво нешто во Општина Карпош не постои, одговори градоначалникот Стефан Богоев на новинарско прашање дали од невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски поднела барање за дозвола за градба на старечки дом во Општината. Градоначалникот Богоев, кој беше повикан да даде исказ за случајот „Рекет“ во Oбвинителството за гонењe организиран криминал и корупција, рече дека се што знале кажал во Обвинителството, но детали во јавноста нема да изнесува за да не…

Read More

Советот во Кривичниот суд го одобри во целост обвинението за „Талир2“, кој сега треба да биде распределен на судија кој ќе го води според АКМИС – системот и ќе биде закажана главната расправа. Обвинението „Талир2“ беше поднесено од СЈО на крајот на ноември мината  година. „Советот за оценка на обвинителен акт на 10 и 11. 07. 2019 година одржа јавна седница во присуство на странките. По ценење на фактите и доказите изведени на седницата за оценка на обвинителниот акт советот донесе решение со кое актот го одобри во целост, писмено го изработи и го експедира до странките. Отткако по оценетиот…

Read More

Сеад Кочан денеска го добил известувањето од Судот дека веднаш треба да започне со издржување на затворската казна од 4 години за случајот „Труст“, потврдија од Судот за НОВА. Доколку Кочан денеска не се пријави во затворот во Идризово, судија за извршување на санкции ќе побара од МВР  тој стражарно да биде пренесен во затворот. Иако во Законот нема прецизен рок до кога треба да се чека осудениот да се јави на издржување на затворската казна, терминот „веднаш“ јасно наведува дека не се прифаќа никакво одложување. Од МВР за НОВА ги негираа шпекулациите дека наводно полицијата вчера била повикана да…

Read More

Пратеничката Владанка Авировиќ, која е заменик координатор на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, побара да се направи нова распределба на бројот на пратеници по собраниски комисии и во нив да има место и за овие 8 пратеници. „Сметаме дека во Парламентот треба да се изврши нова прераспределба на комисиите и пратениците кои учествуваат во работата на останатите комисии. Се додека не се донесе нова прераспределба во однос на овие комисии и она што треба да биде дел од доделувањето на комисии на нашата пратеничка група, но и предлози и учество во останатаите работни тела, сметаме дека е неправедно…

Read More

Според Димовски причина за пропаднатиот попис во 2012 година бил ,,сомнежот дека се собираат податоци кои не се реални“.- За тоа се понесе политичка одговорност. Кога би биле попаметни, искуството треба да го искористиме – рече Димовски.

Read More

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски кој учествуваше на разговорите со претставници на ВМРО ДПМНЕ во Владата околу новиот закон за ЈО, рече дека очекува до 15 септември да се донесе законот.

Read More