Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Рецесија за годинава не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции, сепак, предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. Централната банка направи надолна ревизија на проекциите за економскиот раст на земјава за оваа и следната година, со коja за 2022 година се очекува економски раст од 2,9%, додека…
Независниот синдикат на Управата за водење матични книги најавува протест во среда пред Министерството за финансии затоа што, како што велат, помина рокот во кој се очекуваше одговор дали ќе има финансиски средства за реализација на нивните барања. Штрајкот на вработените во Управата за матични книги трае повеќе од еден месец, а документи се издаваат само во итни случаи. Синдикатот му даде рок на Министерството за финансии да одговори дали има пари за исполнување на барањата, кои претходно беа усогласени со Министерството за правда, а се однесуваат на отпремнини, исплата на К-15 во висина од 60 отсто од просечната плата.…
Службата за општи и заеднички работи на Владата( СОЗР) најостро ги демантира и отфрла како дезинформација објавените информации во дел од медиумите за наводното прикривање на вработени лица во Службата како новинари при посетата во Софија, Република Бугарија заради одржувањето на заедничката седница на двете влади. „Шесте вработени лица во СОЗР при посетата во Бугарија присуствуваа заради извршување на работни задачи – организација и поддршка на активностите на нашата делегација, во која беа и медиумски претставници, на заедничката седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија“, се вели во демантот од Владата. СОЗР информира дека согласно…
Денес е убав ден за Македонија. Денес 11 години подоцна победи правдата, ова е прва реакција на семејството Цаноски која ја објави Сефер, синот на бизнисменот Фијат Цаноски по пресудата за уривањето на комплексот „Космос“ според која Никола Груевски, поранешниот премиер доби девет години затворска казна, Миле Јанакиески три години, а поранешниот градоначалник Тони Трајковски четири години затвор. – Во светот приватниот капитал е светост. Политичката моќ не смее да биде злоупотребувана. Ова не е само победа на правдата за Фијат, ова е победа на правдата за граѓаните на Македонија. Фијат Цаноски и неговата фамилија, како и неговите компании и…
„Што ѝ ветил Талат Џафери на делегацијата од Чеченија која била во посета на Собранието?“ е прашање кое нема одговор затоа што претседателот немал средба со делегација од Чеченија, велат од кабинетот на собранискиот претседател Талат Џафери по обвинувањата на пратеникот Антонио Милошоски дека во јули лани Џафери имал средба со чеченска делегација која била и во посета на Тетово. Милошоски во објавата уште вели дека на собраниската веб-страница нема информации за овој настан, но од кабинетот на собранискиот претседател го тврдат сосема спротивното и велат дека Џафери имал средба со делегација од Европскиот муслимански форум, а содржината на разговорот…
Градоначалникот на општината Тетово Билал Касами и неговиот тим нема да дозволат да се гради каков било споменик или парк кој нема никаква поврзаност со историјата на градот и на државата, ниту пак со албанската историја, велат од локалната власт во Тетово за Нова откако денеска пратеникот Антонио Милошоски излезе со тврдење дека имало таков договор во чест на чеченскиот лидер Кадиров, потпишан лани кога во земјава престојувала делегација од Чеченија. Милошоски тврди дека на 10.07.2021 година собранискиот претседател Талат Џафери бил домаќин на делегација од руската Чеченска Република. На чело на чеченската делегација според тврдењето на пратеникот, бил Абдул-Вајед…
Управата за јавни приходи на сметките на граѓаните исплати вкупно 491,5 милиони денари по основ на вратен ДДВ од скенирање на фискални сметки во првото тримесечје годинава. Средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во текот на изминатите месеци направиле корекции на трансакциските сметки и ги ажурирале во нивниот кориснички профил. УЈП апелира, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата ,,Мој ДДВ” за да добијат навремена исплата, информира УЈП. Крајната горна граница на исплата која граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ“ е 1.800 денари за едно тримесечје, или 7.200 денари годишно по лице.
Одбраната на Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски, обвинет во судскиот предмет познат во јавноста како „ТНТ“, а кој се однесува на случајот со објектот „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски очекува судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје утре да изрече ослободителна пресуда со оглед на тоа што не постои ниту еден акт што е потпишан од страна на поранешниот министер, а поврзан со уривањето на комплексот. Јанакиески и во својот исказ неодамна пред судечкиот совет што го предводи судијата Огнен Ставрев посочи дека оштетениот Цаноски сам истакнал дека бара политичко решение на овој предмет, со што, според…
Успеавме браќата од Македонија да ги вратиме во православното единство, а тоа практично значи дека сме успеале да ги вратиме во единството со сите други православни цркви. Така што, ова може да се смета и за чудо, но гледате дека со божјата интервенција сѐ е возможно, изјави српскиот патријарх Порфириј по средбата на Соборот на СПЦ со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Ние како СПЦ имавме 50 години раскол со браќата од Македонија, со браќата за кои можеме да кажеме дека ни се најблиски. Даде господ, пред се со молитви, па и со жртвата која ја поднесе архиепископот Јован (Вранишковски)…
Делегацијата од Собранието предводена од собранискиот спикер Талат Џафери, оствари средба со членови на Комисијата за прашања од Европската Унија на Бундестагот и нејзиниот претседател Антон Хофрајтер во рамки на вториот ден од студиската посета на германскиот Бундестаг. Како што информира собраниската прес-служба, во состав на делегацијата се потпретседателот на Собранието Горан Мисовски и координаторите Диме Велковски, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Сурија Рашиди и Сафије Садики Шаини, генералната секретарка Цветанка Иванова, шефот на Кабинет Илир Селмани, службата на Собранието, амбасадорката на Швајцарија и претставници од Националниот демократски институт за меѓународни прашања (НДИ). На средбата, Џафери се заблагодари за одличната програма…
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од ГРОМ и од Социјалистичката партија со докази и најмалку четворица сведоци бараат да се отвори постапка за недоличното однесување на собранискиот претседател Талат Џафери кој минатата недела искажа пцости и навреди кон вработени во собраниските служби. Александар Николовски, Гордана, Силјановска Давкова, Олга Лозановска и Љупчо Пренџов се очекува да сведочат пред пратениците. Народните избраници денеска доставија пријава за повреда на Етичкиот кодекс и барање до пратеникот Панчо Минов за да се свика седница на Комисијата за имунитетно мандатни прашања која е надлежна да расправа за вакви прашања. На седницата, според барањето на пратениците има единствена точка…
Пратеникот Панчо Минов, кого ВМРО-ДПМНЕ го повика да свика седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања како нејзин претседател за да му се изрече јавна опомена на собранискиот спикер Талат Џафери поради наводно изречените пцости кон вработени во законодавниот дом, во изјава за Нова вели дека таквото барање партијата треба да го достави во писмена форма и да обезбеди докази дека е направен прекршок на Етичкиот кодекс. Комисијата, во зависност од тежината на прекршокот, освен јавна опомена може да донесе одлука и за суспензија на пратеник во траење од еден месец или забрана да претседава со работните тела…