Српската премиерка, Ана Брнабиќ ја повика меѓународната заедница да реагира на, како што наведе, новите провокации од Приштина.
Како што е објавено на веб-страницата на српската Влада, Брнабиќ ја повика меѓународната заедница, НАТО и КФОР итно да реагираат „и да го зауздаат Албин Курти“.
(Видео) Акција на косовската полиција во Митровица: Солзавец и шок бомби од мостот над Ибар
Таа посочи дека ситуацијата е повеќе од драматична и дека „ова е последниот момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре налудничавата политика што ја води Приштина“.
Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и нè носи на работ на хаос, предупреди Брнабиќ.
Претходно, балканските медиуми јавија дека едно лице од српска националност денеска е рането од огнено оружје во Звечани и дека се наоѓа во тешка состојба.