Browsing: ПОЛИТИКА

Од 17-то место во мизерија и страдања, на 7-мо место. И државите кои ги спомнувавте дека за нив треба да седнеме и да плачеме, тие со сите тие маки, успеваат нивните граѓани денеска помалку да страдаат од македонските, изјави Шеќеринска

Подрачјата кои не ги исполнуваат упатствата за квалитетот на воздухот, веднаш да превземат итна акција за да се постигне нормално ниво на вредностите во најкус можен рок. Истите вредности се однесуваат подеднакво за сите земји во светот, потврдија за НОВА од канцеларијата на СЗО во РМ, во консултација со Центарот за животна средина на СЗО во Бон

Чекор наназад. Ова е кусата синтеза на дискусиите која попладнево се одвиваат во Брисел, во Советот на министрите на ЕУ, каде што шефовите на европските дипломатии го разгледуваат македонското досие.

Оттаму потенцираат дека станува збор за целосно неточни и произволни наводи со кои „најверојатно пратеникот Макрадули се обидува да манипулира со јавноста, давајќи лажни податоци, а притоа криејќи се зад собраниската говорница, која му нуди имунитет…“

Станува збор за многу подлабок проблем кој се однесува на владеењето на правото и демократските принципи. Тоа е исто така меѓународен проблем кој се решава во рамките на ОН но е и проблем на ЕУ, рече Венизелос за спорот за името

Фактот што речиси секој учесник во маршот избегнуваше да зборува пред камера, според активистите за човекови права е само уште една индикација со каква репресија и услови се соочуваат луѓето кои работат на ова поле

Додека надлежните се амнестираат од одговорност за загадениот воздух во Скопје, денеска граѓани-активисти самоиницијативно се собраа во центарот на градот за да го изразат својот револт поради непрезамањето мерки за подобрување на квалитетот на воздухот

Премиерот Никола Груевски го нападна неговиот грчки колега Антони Самарас тврдејќи дека тој игра на картата на национализам. Тој вели дека грчкиот премиер саката „да ја торпедира“ Македонија во приближувањето кон ЕУ

Во Советот постои дилема каква да биде формулацијата на заклучокот и дали таа треба да значи понатамошен ангажман на ЕУ во надминувањето на проблемите или пак Македонија да се остави сама да го решава она што веќе во неколку наврати и беше посочено

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ на денешниот состанок на Советот за општи работи што ќе се одржи во Брисел, ќе одлучат каков заклучок ќе добие Македонија што ќе биде изгласан на Самитот на Европскиот совет