Browsing: ПОЛИТИКА

Врв на лага во оваа држава е овој наводно развоен Буџет, кој овде пратениците од власта го бранат, а опозицијата се обидува со конкретни забелешки да ја подобри и онака катастрофалната ситуација во оваа држава, рече Бишевац

„Во заклучоците од ЕУ, на кој што има еден сериозен молк од страна на Владата, се укажува на големата невработеност во Македонија. За неодвојувањето на државата од партијата, и тоа е коректно да им се каже на граѓаните“, рече Макрадули

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ е отворен за авиосообраќај. На пладне беше реализирано слетување на турската компанија од Истанбул. После 13 часот одлетаа и авионите за Дизелдорф и Истанбул

Светскиот македонски конгрес денеска најави дека крстот во скопската населба Аеродром ќе биде висок 56 метри, а не 33 како што беше предходно најавено. Според Тодор Петров ваквата одлука била донесена бидејќи собрале повеќе пари па решиле крстот да го направат поголем

Директорот на УБК Сашо Мијалков не присуствуваше на денешното рочиште со „Фокус“ на давањето искази бидејќи, како што рече неговиот адвокат, бил спречен да дојде поради магла.

Високо ниво има и во Карпош и Лисиче; во Центар и Ректорат концентрацијата е над 180 микрограми ПМ10 на метар кубен; максимално дозволена концентрација на ПМ10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен

По пожарот во стамбена зграда вчера во Тетово, едно три месечно бебе е префрлено на Клиничкиот Центар во Скопје и се наоѓа во потешка здравствена состојба, соопшти денеска Центарот за управување со кризи

– Аеродромот во моментов работи, но поради големата магла нема можности за слетувања и полетувања, така што оние коишто се на распоредот се пренасочени кон аеродромот во Охрид, „Св. Апостол Павле“, или кон аеродромот во Софија, потврдуваат за НОВА од информацискиот пункт на „Александар Велики“

– Собранието на најгруб начин ја ескивира уставната обврска за здравствено осигурување за сите граѓани и наместо да биде промотор на уставноста, го крши Уставот, тврди Рената Дескоска професорка на Правниот факултет