Browsing: ПОЛИТИКА
„Како и да е, земјите-членки сега определија конкретни области во кои бараат напредок, и ги повикувам сите во земјата да се борат за исполнување на овој предизвик, за 2014 година да не биде уште една изгубена година за европските амбиции на земјата“, вели Ричард Ховит
– Србија доби датум, Србија ги почнува преговорите и она што ни се случува со бугарските пасоши, за некој месец или некоја година ќе продолжи со српски пасоши, се движиме во погрешна насока место напред се враќаме назад, рече пратеникот Митре Велјановски на буџетската расправа во Собранието
Сите станари од зградата биле примени во болницата во Тетово а дел од нив веќе се пуштени дома, со потешко задушување во болница се задржани двајца пожарникари и пет станари од опожарената зграда, меѓу кои и три деца
– Жалиме за одлуката на Советот да не ја прифати препораката на Европската Комисија за започнување на преговорите со Македонија за петти пат по ред бидејќи не бил постигнат консензус од страна на сите земји членки, се вели во соопштението на Секретаријатот за Европски Прашања
Дел од потрошувачите од реони на градот Скопје се без напојување со електрична енергија, а екипите на АД МЕПСО работат на целосно отстранување на дефектот, се вели во информацијата од МЕПСО испратена до НОВА
Реалноста во Македонија е дека над 400.000 граѓани, претежно млади во изминатите години ја напуштија земјата. Во моментот, најголем дел на луѓе се во процедура на вадење на бугарски пасоши, со коишто планираат да ја напуштат, истакна Сугарески
Полицијата и Царинската управа на граничниот премин Делчево на излез од Македонија откри 138,9 килограми висококвалитетна марихуана. МВР соопштува дека со ова е пресечен меѓународен нарко-канал од Македонија, преку Бугарија до западноевропските земји
Во сабота на пладне на плоштадот Македонија во Скопје ќе се одржи „Марш со гас маски“ против загадувањето, соопштува невладината „Биди зелен“. Излезете на маршот за загадување! Се работи за нашето здравје!
МВР досега нема пронајдено предмети од оние кои се на листата артефакти кои недостасуваат во Музејот на Македонија, но секоја информација што оди во прилог на нивно откривање и враќање во сопственост на државата е добредојдена
Вкупно 211 новинари се во затвори ширум светот, втората највисока бројка после минатата година кога вкупниот број изнесуваше 232; и случајот „Кежаровски“ влезе во анализата на Комитетот за заштита на новинарите
Поголемиот дел од главниот град во североисточниот и централниот дел веќе еден час остана без електрична енергија. Неофицијално НОВА дознава дека станува збор за експлозија и пожар во 400 киловатна трафостаница.
Синоќа во Велес се одвивала полициска акција, уапсени биле неколку дилери на дрога-тројца велешани и еден скопјанец














