Browsing: ПОЛИТИКА
Власта од неколку споменици да се откаже ќе се решат неколку проблеми. Важно е да се има волја и да се мисли на народот. Само така ќе се вратат насмевките на лицата на нашите граѓани, изјави Заев
Сигурно сте гледале барем една епизода од популарните американски серии како „Истрага на местото на злосторството“? Или барем една филмска сцена на жестоки судски испрашувања од страна на адвокатите? Новите закони и ја одземаат моќта на полицијата и ја селат во обвинителството. Но, дали Македонија е подготвена
Овој Буџет предвидува инфлација, високи сметки и ниска куповна моќ и животен стандард, а поголемо трошење на Владата, изјави пратеникот на СДСМ, Марјанчо Николов, на собраниската говорница
Живееме во држава во којашто државните институции блокираат 6 илјади приватни фирми и тоа не е проблем. Живееме во држава во којашто преку ноќ не знаеме од каде некој ќе постави споменик, за да потоа следната ноќ знаеме кој се обидел истиот да го сруши, изјави синоќа заменик-претседателката на СДСМ, РАдмила Шеќеринска во нејзиното обраќање во скопски Аеродром
Образложувајќи го предлог-буџетот за 2014 година, министерот за финансии Ставрески, рече дека буџетот за следната година ќе овозможи подинамичен економски раст преку реализација на капитални инвестиции кои се за 11% повеќе во однос на 2013
Граѓаните веќе шест дена по ред се гушат поради загаденоста во Скопје, стравуваат за своето здравје, и додека град Скопје излегува со препораки и мерки од прв степен, граѓаните велат во практика тие се невозможни
Македонија, според нацрт заклучоците кои денеска и утре ќе се најдат пред Советот на министрите на ЕУ, во пресрет самитот на Унијата в петок, нема да добие датум за преговори
Две години затвор за поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, ова е пресудата за случајот „Агент“, кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и пречекорување на овластувањата за градежната парцела близу базенот во скопската населба Карпош
Пет лица се повредени во пукотници од огнено оружје во тетовско Жеровјане. Повредените итно биле пренесени во медицинскиот центар во Гостивар, а потоа префрлени во ургентниот центар во Скопје
Нема ништо поважно од здравјето на граѓаните, рече Макрадули образложувајќи го поредлогот. Заштитата на животната средина е на последно место на Владата на РМ што се гледа и од буџетот, потенцираше тој
Вистински потег би бил Грција, како претседавач со ЕУ да направи компромис околу Македонија, со што би дала позитивен сигнал за проширувањето!„ Но, сѐ зависи од политичките лидери“, вели европратеничката Тања Фајон
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на 16 и 17 декември 2013 година ќе оствари официјална посета на Индија














