Browsing: СПОРТ

Играчот за врска договори едногодишна соработка со црногорскиот првак од Никшиќ што е четврта интернационална станица во неговата кариера. Претходно играше за Осиек во Хрватска, за Сепси во Романија и за Лариса во Грција

Националниот тим во Литванија ќе биде предводен од капитенот Димитар Георгиев кој заедно со Илија Остојчиќ, Игор Стоименов и Наум Јанакиев ќе темпираат форма за државно првенство што ќе се одржи од 23 до 25 август во Банско

Покрај славјето на Ферстапен и изненадувачкиот пласман на Квјат на третото место, германското гранпри го одбележа и дебаклот на Мерцедес. До средина на трката се чинеше дека Хамилтон и Ботас, без проблеми, ќе запиша нова еден-два победа меѓутоа на крајот не освоија ниту бод

„Азурите“ во финалето на СП во спортови на вода во Гвангжу, ја поразија Шпанија со 10:5 за трета мундијалска титула во историјата. Бронзата за Хрватска чии ватерполисти во меч за третото место на турнирот ја совладаа Унгарија со 10:7

Забава во ноќен клуб во кој се славеше освоеното злато на американскиот женски ватерполо тим се претвори во трагедија. Во пад на галерија во локалот загинаа двајца Корејци и повредени се десетина странски државјани меѓу кои осум спортиси, сите репрезентативци на своите земји. Според полициски извори, тројца од нив се Американци, двајца од Нов Зеланд и по еден Холанѓанец, Бразилец и Италијанец

Властимир Матиќ (67) своевремено беше југословенски репрезентативец во велосипедизам, а денеска е бездомник, спие под отворено небо во Белград, боледува од гангрена и со загубена надеж и волја за живот. Во ноември во 2017 година доживеа трагедија, остана без станот во белградската населба Раковица што го проголта пожар, но и без сопругата Ана која притоа почина од гушење

Поранешниот југословенски репрезентативец на работното место во Подгорица го наследува од Љубиша Тумбаковиќ кој доби отказ од тамошната федерација, откако одби да го води националниот тим против Косово во квалификациите за Европското првенство во 2020 година

Тој, претпладнево, ги мина лекарските прегледи кај наполитанците и се стави на располагање на менаџерот Карло Анчелоти. Успешно завршениот трансфер го потврди и самиот преку социјалните мрежи на кои постира фотографија во опрема на „небесно-сините“ од „Сан Паоло“

Квалификациите почнуваат во февруари во 2020 година, првиот меч со Естонците на домашен терен, последниот со Италијанците кои заедно со Германија, Чешка и Грузија се коорганизатори на завршниот турнир

Но, дотаму, како пречка, за тетовските „црвено-црни“ стои Диделанж. Првиот меч на македонскиот шампион со ланскиот учесник во групната фаза во ЛЕ е попладнево од 17.55 часот во Скопје, реваншот е на 30 јули (17.55 ч.) на стадионот „Жоси Бартел“ во Луксембург