Browsing: СВЕТ

Премиерот на Косово, Иса Мустафа упати порака до претставниците на Заедницата на српски општини (ЗСО) на Косово, дека доколку не работат според косовските закони и не ги почитуваат одлуките на косовската влада, ќе бидат апсени

Бадави беше осуден на 10 годишна затворска казна, 1,000 камшици и 175.000 фунти бидејќи “го навредил Исламот“ во Саудиска Арабија. Европарламентарците побараа негово итно ослободување

Џихадистичката организација Исламска држава, погубила најмалку 13 од 48 новинари, кои ги киднапирала во Мосул, откога нејзините борци во 2014 година го зазедоа вториот најголем град во Ирак, се наведува во извештајот на „Репортери без граници“, пренесува Мета.

Австриската министерка за внатрешни работи изјави дека целта не е да се сопрат мигрантите туку да се обезбеди ред во влегувањето. Берлин тврди дека нема намера да ја затвори границата а во Чешка протести против приемот на бегалците.

Косово и Европската унија денес во Стразбург потпишаа Договор за стаблизација и асоцијација. Пет земји членки на ЕУ не го признаваат Косово како независна држава, но и покрај тоа тие го одобрија потпишувањето на договорот.

Европската унија и Косово денеска во Стразбур потпишаа договор за асоцијација и стабилизација. Претставници од двете страни ги ставија своите потписи на документот за време на сесијата на Европарламентот