Browsing: СВЕТ
Во тролејбусот загинале 12 луѓе, а едно лице го загубило животот во возилото што поминувало во самата близина. Во нападот биле ранети и десетина лица
Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе пресуда по заемните тужби за геноцид на Хрватска и Србија, а образложението за пресудата ќе биде соопштено во почетокот на февруари, пишуваат српските медиуми
Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров смета дека нема ниту еден доказ кој укажува дека руската војска била или е присутна на југоисточниот дел од Украина
Палестинец нападнал со нож и ранил девет луѓе во автобус во центарот на Тел Авив, пред да го совлада полицијата, соопшти портпаролот на израелската полиција Луба Самри.
Исламската држава објави видео снимка, на која бараат да им бидат исплатени 200 милиони долари во наредните 72 часа или во спротивно ќе убијат двајца Јапонци кои ги држат како заложници
Откако новата претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, побара Воислав Шешељ да се врати во затвор, лидерот на радикалите во Србија одговори на помалку вулгарен начин
Стотици илјади луѓе протестираа во Грозни во Чеченија против карикатурите на пророкот Мухамед додека ЕУ бара начин за соработка со арапските земји.
Стотици луѓе во источниот дел на Авганистан протестираат против сатиричниот магазин „Шарли ебдо”, го горат француското знаме и ја повикуваат владата да ги прекине дипломатските односи со Франција
Богатството на 85-те најголеми светски тајкуни ќе биде поголемо од сè што поседуваат останатите луѓе на планетава во 2016 година, проценува Групата за заштита на човековите права „Оксфам“
Пегида, анти-исламското движење во Германија, одлучи да го откаже протестот закажан во Дрезден за утре поради ризик по заканите добиени од организацијата Исламска држава.
Новата хрватска претседателка му испрати писмо на генералниот секретар на Обединетите Нации барајќи Шешељ да се врати во затвор и брзо да се донесе пресуда за неговиот случај.
Апсењата во Белгија и во Грција не се поврзани, објави белгиското обвинителство кое работи врз истрагата за џихадистичката акција во текот на која изминатата недела беа убиени двајца осомничени џихадисти.















