Browsing: СВЕТ
Руските фирми ќе имаат загуба која може да изнесува 744 милијарди евра. Но, истовремено и ЕУ ќе биде погодена од овие санкции, јавува порталот ЕУОбзервер.
Новиот формат на операцијата на израелските воени сили предвидува само интеракција на евентуални напади од „Хамас”, како и продолжувањето на потрагата и уништувањето на подземните тунели на палестинските исламски екстремисти на границата меѓу Израел и Појасот Газа
Со прекинот на огнот на народот во Појасот Газа треба да му се даде можност да примат итно неопходни прехранбени производи и помош. Истовремено, страните во конфликтот се повикуваат да вложат напори да постигнат одржлив прекин на огнот, до кој ќе се придржуваат сите страни
Припадници на нигериската исламистичка група Боко Харам киднапираа неколку лица во северен Камерун, меѓу кои е и сопругата на камерунскиот вицепремиер Амаду Али. Грабнат е и локален верски лидер, кој е градоначалник на градот Колофата.
Како што соопшти претставникот на камерунската армија, полковник Феликс Нџи Формекон, членовите на Боко Харам ја преминале нигериско-камерунската граница и го нападнале пограничниот град Колофата во северен Камерун.
„Луѓето на Боко Харам се‘ уште се во градот и водат борби со нашите војници, изјави Формекон.
Тој соопшти дека сопругата на вицепремиерот Али била киднапирана од нивниот дом заедно со домашните помошнички. При нападот, телохранителите успеле да го извлечат и вицепремиерот Али од домот, каде со семејството го прославувал Рамазан Бајрам, и да го пренесат во соседниот град Мора. Формекон истакна дека при судирите во Колофата сигурно има и загинати и ранети, но дека засега нема податоци за конкретни бројки на жртви.
Портпаролот на групата, Сами Абу Зухри, вели дека “како одговор на интервенцијата на ОН и со оглед на состојбата на нашиот народ и по повод празникот, договорено е меѓу фракциите на отпорот да го поддржат 24-часовното хуманитарно примирје, почнувајќи од 02:00 по локално време во недела
Повеќе од 1.000 жители на Газа, претежно цивили, загинаа во 19- дневните борби. Четириесет израелски војници и тројца цивили се убиени
Израел го прифати барањето на ОН за 24-часовен прекин на огнот, но предупреди дека ќе делува ако е прекршено од Хамас, кој пак соопшти дека нема да прифати примирје освен ако израелските сили ја напуштат Газа и на раселените им биде дозволено да се вратат дома
Дванаесетчасовниот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во појасот Газа стапи на сила во 8 часот денеска, 19-ти ден од конфликтот во кој загинаа стотици лица
Директорот на Федералната безбедносна служба на Руската Федерација , Александер Бортников, и шефот на Странската разузнавачка служба на Руската Федерација , Михаил Фрадков, се само некои од имиња на листата од 15 лица на кои им е забранет влез во ЕУ
Критичарите на Путин јавно и се изивинуваат на Холандија во име на руската нација. Весникот Нова Гзаета на насловната страна објави јавно извинување до Холандија на руски и холандски јазик. Овој весник е познат по неговите критички ставови кон власта на Путин.
Припадниците на военото крило на Хамас убиле 10 израелски војници во градот Баит Ханоун, јави Анадолија. Според израелските медиуми, израелскиот владин кабинет го разгледува предлогот на американскиот државен секретар Џон Кери за 12 часовен прекин на огнот во Газа
По повикот да си оди од Холандија, Марија Путин наводно го напуштила, домот кој чини повеќе од 3.300.000 долари, во близина на Амстердам