Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ „повеќе ќе се инволвира“ во борбата против лажните вести на Западниот Балкан

0
By Нова ТВ on June 10, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 10, 2020 15:50

Европската Комисија (ЕК) денеска ја презентира својата стратегија за борба против дезинформациите во контекст на кризата со Ковид-19, при што Западниот Балкан треба да биде поинтензивно вклучен во иднина, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Обезбедување на точни информации и проверка на факти во соработка со дигиталните компании, истовремено сочувувајќи ги демократијата и слободата на изразување, е главната порака што произлегува од стратегијата на ЕК за борба против дезинформациите во време на коронавирусот најавена денеска од шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел и еврокомесарката за вредности, Вера Јурова.

Комисијата предлага серија акции во соработка со новинарите, социјалните мрежи, дигитални платформи, властите, итн., за да се подигне свеста на граѓаните во однос на здравствените дезинформации кои неретко се поддржани или промовирани од странски државни актери како Русија и Кина, изјавија денеска Борел и Јурова.

Во овој контекст Западниот Балкан зазема важна улога за Европската Унија бидејќи регионот е „борбено поле“ на кое овие странски сили шират дезинформации со цел да се ослабне поддршката за Европската Унија, објаснуваат од ЕК. Затоа ЕК сака „повеќе да се инволвира“ во битката против лажните вести во регионот.

„Дезинформациите може да бидат опасни како во ЕУ така и на Западниот Балкан и ние предлагаме фокус на Западниот Балкан, и веруваме дека Западниот Балкан треба да ни се придружи во дигиталниот систем“, рече Јурова.

Конкретно, меѓу другото, ЕК планира да излезе со пакети помош за партнерите од регионот и поширокото соседство за да „промовира веродостојни информации и да се бори против дезинформации“, стои во стратегијата на Европската Комисија. Ова би подразбирало соработка со новинарите и медиумските куќи преку Делегацијата на ЕУ и амбасадите на земјите членки на Унијата.

Европската служба за надворешни работи пред неколку години создаде посебна единица за борба против дезинформациите, пред сè, за да се спречи руското влијание. Но, извесно стана дека тимот на ЕУ за стратешка комуникација на Западниот Балкан, кој е составен од малку луѓе, не е доволен за справување со предизвикот од лажните вести и силното влијание од Русија и Кина во регионот. Па така, со оваа засилена стратегија, ЕК се надева дека ќе може поинтензивно да им помогне на западнобалканските земји, како и на другите партнерски земји од соседството и пошироко.

Според европски дипломати, се разгледуваат можности како поддршка за независни тимови за проверка на факти, на пример, но и обука за новинари, обезбедување материјална и финансиска помош за постигнување на овие цели, како и образовни и информативни кампањи за подигнување на свеста на граѓаните.

Состојбата во регионот, меѓутоа, е посложена отколку во земјите членки, не само поради присуството на странски актери, велат во ЕУ, туку и поради тоа што земјите од Западниот Балкан се политички „поранливи“, партизираноста е силна, а граѓаните во овие земји се „лесни жртви“ на пропаганда, нешто што кризата со коронавирусот дополнително го истакна, велат дипломатите во Брисел.

Во наредните денови се очекува Европската Комисија да излезе и со попрецизни бројки за финансирање на оваа стратегија во регионот.

борба Вера Јурова Европска комисија Европска унија Западен Балкан Јосеп Борел лажни вести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.