НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истекува рокот за увид на обвинетите во доказите, „Рекет“ пред обвинение

0
By Нова ТВ on October 7, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истекуваат 15 дена – рок кој осомничените во случајот „Рекет“ го имаат за да направат увид во доказите од истрагата, по што обвинителката Вилма Русковска може да покрене обвинение.

На 23 септември Русковска ја затвори истрагата што се води против тројца осомничени – Бојан Јовановски и Зоран Милески, осомничени за тргување со влијание и за перење пари и за Катица Јанева за злоупотреба на службената положба како специјален јавен обвинител.

Јовановски (од 15 јули) и Јанева (од 21 август) се во притвор во затворот Шутка, додека Милевски е во домашен притвор.

Апелација во петокот одлучи Боки 13 да остане во притвор поради опасност од бегство. Судиите не го прифатија  барањето на Боки, поради здравствените проблеми и неопходната медицинска нега да биде пуштен во домашен притвор.

Адвокатите на Јанева повторно поднеле жалба до  Апелација и таа да биде ослободена од притвор, бидејќи со завршување на истрагата се отстранети причините за таа да биде во притвор во истражниот затвор.

Јовановски и Јанева се уште немаат дадено искза пред Русковска откако се осомничени во Рекет.

Адвокатот на Јовановски Сашо Дуковски и на Јанева побараа прво да направат увид во доказаите, па потоа нивните клиенти да дадат исказ.

Искази протекоа во јавноста и се нудат на продажба

Случајот Рекет влегува во влегува во петтиот месец од покренување на истрагата.

За овој период истрагата се соочи со повеќе предизвици. Прво, во јавноста се појавија детали од исказот на сведокот Орце Камчев кој и го пријави случајот. Обвинителството досега поднесе обвинителен предлог за новинарот на интернет порталот „Инфомакс“ каде беше објавен исказот, но се уште не  утврди на кој начин записникот кој е дел од предметот бил изнесен во јавноста. Се уште не се знае ниту како сите искази кои била дадени во Обвинителството за гонење на организиран криминал завршиле кај претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски кој на прес конференција рече дека „свиркач“ ги доставил до партијата.

Подоцна во истиот портал се појавија детали и од исказ на друго лице во врска со истрагата.

Адвокатот на Боки 13 во петокот објави уште еден скандалозен момент, а тоа е дека непознато лице преку телефонски повик му го понудил на продажба исказот на второ осомничениот Зоран Милески.

Од Обвинителството и за овој случај рекоа дека се води истрага.

Исказот на Милевски не им беше презентиран ниту на Јовановски ниту на Јанева.

За протекувањето на службените белешки, следуваа меѓусебни обвинувања од судските институции.

На последниот брифинг во Кривичен, од овој суд тврдеа дека интерната истрага покажала дека доверливите документи за „Рекет“ не протекуваат од Кривичен. Се разговарало со сите лица кои имале контакт со документите, но не било утврдено дека документите биле изнесени од Судот.

-Исказот кој претходно цел месец беше во Кривичниот суд, протече во јавноста само ден  откако од Кривичен беше препратен во Апелација, велат извори од Кривичниот суд.

Во меѓувреме е зголемена безбедноста на пренесување на документи до Апелација. Документите се конвертираат и се става дополнителен селотејп, велат извори во Судот.

-Четири години ги чувавме сите документи за случаите од СЈО и досега во јавноста не излезе ниту еден документ од Судот, додаваат од Кривичен како аргумент на тврдењето дека тие не се институцијата од каде излегуваат доверливи списи.

Пораката на Помпео

Највисоките претставници на власта постојано повторуваат дека случајот „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку пред се, заради нас самите.

-Не смееме да ги толерираме евентуалните странични влијанија без разлика од која страна доаѓаат. Оваa порака ја испрати претседателот Стево Пендаровски на неодамна  одржаната Националната конвенција за Европската унија.

Според него, треба да им дадеме максимална поддршка на нашите институции во борбата против корупцијата со цел културата на неказнивост да стане минато. За успешно справување со криминалот и корупцијата, порача шефот на државата, потребно е обединување на сите, од власта опозицијата, бизнис секторот, граѓанските здруженија.

Премиерот Заев на вчерашната трибина „На прав пат“ во Штип истакна дека очекува „Рекет“ да финишира со обвинителен акт пред 15 октомври.

– Пред 15 завршуваат 90 дена од истрагата, по што очекувам да биде завршена со обвинителен акт и граѓаните да ги знаат сите вистини. Тоа ќе го охрабри правосудството и понатаму да одлучува исклучиво и по Устав и по Закон и по сопствено убедување и затоа што ветивме правна држава, владеење на правото. Право еднакво за сите, еднакви граѓани пред правниот систем, рече Заев.

Иако не го спомена директно, за случајот „Рекет“ порака испрати и државниот секретар на САД во во петокот беше во Македонија.

-Ги поздравуваме чекорите што ги презема вашата Влада во борбата со корупцијата и сите оние кои ги прекршиле законите и ја злоупотребиле јавната доверба. Борбата со корупцијата е од клучна важност за вашата НАТО и ЕУ интеграција, но уште повеќе за вашата демократија и за граѓаните, изјави Помпео на прес конференцијата со Заев во Охрид.

Претходно и американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер во интервју за Гласот на Америка на српски јазик изјави дека без решение за истрагата за случајот „Рекет“ во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, може да се поткопаат изгледите на Северна Македонија за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

-Ова се сериозни обвинувања и таквите сериозни обвинувања бараат сериозен одговор. Ние поддржуваме целосна, темелна и транспарентна истрага на овие обвиненија и, ако има докази, и соодветно обвинение. Ова е навистина можност за властите во Северна Македонија да демонстрираат почитување на владеење на правото, вели Палмер во интервјуто, пренесе 360 степени.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар досега неколкупати го коментираше случајот. Според него, судството можеби ја има последната шанса да ја врати довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага на случајот „Рекет“, оценувајќи дека тој е трансформиран во риалити шоу, а лажните вести и доведувањето во прашање на се и сешто, станаа модус операнди во земјата.

Му порача на судството дека треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа, и дека за тоа има целосна поддршка од ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.