Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер не донесе точен датум, но ја потврди европската перспектива

0
By Нова ТВ on February 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 26, 2018 08:31

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан донесоа порака со потврда на европската иднина на Македонија, за реалните можности земјата да добие препорака за членство оваа година, но секако доколку продолжи да чекори по патот на кој се наоѓа во моментов, интензивно спроведување на реформите и подобрување на добрососедските односи.

Јункер на заедничката прес-конференција со Заев истакна дека во земјава не пристигнал за да соопшти точен датум за почеток на преговорите, но напомена дека Македонија е на добар пат, постигнала напредок и оти ако продолжи да се движи во таа насока за неколку месеци може да го добие очекуваното и препораката нема да биде условена.

– Не дојдовме да ви соопштиме датум, туку да ви кажеме дека сте на добар пат и ако продолжите по тој пат за неколку месеци ќе и дадете можност на Европската комисија на Советот да му препорача отпочнување на преговорите за приклучување, рече Јункер.

На македонските власти им порача да го решат спорот за името со нивните грчки пријатели.  Гледа напредок во процесот, а како доказ за тоа му биле измените на аеродромот, по одлуката да Владата тој да биде преименуван, како знак на отстапка во процесот на преговорите.

Премиерот уште еднаш повтори дека Владата прифаќа географска одредница, но и достоинствено решение, а исто така останува посветена и на подобрување на добрососедските односи генерално.

– Инсистираме на решение, кое ќе биде трајно, но и ќе го почитува достоинството и ќе го заштити идентитетот на двете држави, рече Заев.

Изрази силно уверување дека во јуни 2018 година Советот ќе донесе одлука за почеток на преговорите.

По средбата со Заев, претседателот на ЕК, Јункер и евркомесарот Хан имаа средба и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

-Ја поздравуваме подготвеноста од Европската Комисија за обновување на препораката врз основа на исполнетите критериуми од наша страна, изјавил Иванов, дополнувајќи дека деблокирањето на интегративните процеси, преку соодветното вреднување на нашиот напредок, позитивно ќе влијае врз реформските процеси и врз целата општествено-политичка состојба во Република Македонија.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ, коментирајќи ја посетата на претседателот на Европската Комисија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го прашаа премиерот Зоран Заев дали Жан-Клод Јункер го информирал за „политичката тортура која се спроведува во државата, неоснованите притвори и монтираната истрага против десетина лица за тероризам“.

Македонија е првата дестинација во рамки на турнејата на Јункер низ земјите од Западен Балкан, за да ја презентираат Стратегијата за проширување на Унијата со земјите од регионот. Од Македонија тие заминаа за Албанија. До 1 март ќе ги посетат сите шест земји од Западен Балкан.

ВМРО-ДПМНЕ ЕК ЕУ Заев Иванов Јункер Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.