Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каталонија: Што понатаму, како би преживеала републиката во Европа

1
By Нова ТВ on October 4, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 4, 2017 15:15

Неизвесно е што ќе се случува со Каталонија по референдумот кој се случи на 1.октомври а кој не е признат ниту од шпанската влада ниту од шпанскиот Уставен суд. Според каталонскиот лидер Карлес Пучдемон, регионот ќе прогласи независност наскоро, што е прашање на време, но што ќе се случи понатаму? Ќе може ли Каталонија да издржи како самостојна република, анализира Би-Би-Си.

Каталонија одамна личела на независна република која има свој јазик, знаме, парламент и лидер. Каталонија веќе има и своја полиција, свои пожарникари, мини амбасади и самата го уредува јавното здравство и образованието, независно од Мадрид.

Но следните предизвици на кои лидерите на регионот во кој живеат над 7 милиони луѓе се одбележување на граници, царина, меѓународни односи, свои министерства, централна банка и ред други институции кои досега ги немаше бидејќи Шпанија има својавлада задолжена за тоа.

Знамето на Каталонија

И кога веќе би ги формирала ваквите институции, ќе издржи ли финансиски самата да ги обезбедува со финансиски средства? Ова се дел од прашањата кои се уште се неизвесни и покрај одржаниот референдум кој помина со над 90 отсто поддршка за независност.

Без разлика на тоа кое е главното прашање околу сепаратистичката идеја, дали се работи за идентите, национална припадност или економија, деновиве низ улиците на Барселона и Жирона најпопуларен слоган беше „Мадрид не ограбува“.

Каталонија е побогат регион за разлика од останатите делови на Шпанија. Во неа живеат 16 отсто од целата популација на Шпанија, а придонесува со 19 отсто од своето БДП и една четвртина од извозот на целата Шпанија. Дури и во туризмот кој официјален Мадрид го промовира, на врвот на посетеност е Каталонија. Барселона на пример е во Топ 20 пристаништа на територија на ЕУ во кое се тргува со продукти од најразлични индустрии.

Тука е и данокот кој Каталонците го плаќаат во Мадрид, а е поголем ако се спореди со она што Шпанија и го дава на Каталонија. Но според скептиците, дури и ако Каталонците добијат олеснителни околности и засилување во даночната независност, прашањето е дали парите ќе бидат потрошени во средствата за креирање нови владини институции.

Како дојде до референдумот во Каталонија, и што по него

Но според анализата на Би-Би-Си, она што можеби најмногу треба да ги загрижува Каталонците е нивниот јавен долг.

Пристаништето во Барселона

Дури 52 милијарди од вкупниот долг од 77 милијарди евра, Каталонија и ги должи на Владата на Шпанија.

Шпанската влада во 2012 година формираше специјален фонд за да им даде кеш на регионите кои не можеа да позајмат пари од меѓународната заедница по финансиската криза.

Ова прашање дефинитивно е едно од најважните по хаосот на 1.октомври и бруталноста на полицијата која по директива на Мадрид сакаше да го стопира референдумот. Прашањето е уште покомплексно бидејќи не се знае дали Каталонија ќе биде прифатена како членка на ЕУ или барем ќе биде дел од единствениот европски пазар. Таму, слично како за Брегзит ќе треба да се воспостави нов механизам за тоа дали Каталонија автоматски ќе влезе во ЕУ или ќе треба да почека преку апликација за членство, за што ќе треба да одлучува и гласот на Шпанија.

Како и да е, норвешкиот систем е реална опција за Каталонија, односно државата да учествува во единствениот пазар но да не биде дел од ЕУ, а притоа да прифати и слободно движење на граѓаните од ЕУ.

Но што ако Шпанија или Мадрид одлучи по секоја цена да и ја оспори независноста на Каталонија? Европа е пред сериозен предизвик за да се дојде до едноставна завршница на ова комплексно прашање.

Европа економија ЕУ Карлес Пучдемон Каталонија независност референдум Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.