Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Новата влада ќе биде антиреформска и ќе штити криминал и корупција

0
By Нова ТВ on August 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека договорот за владина коалиција меѓу претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети е „договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата“.
„Политичарите од транзицијата да продолжат со деградирање на институциите, провлекување на личните интереси и неправдите. Имаме коалиција на криминалот. Замислете, истите оние кои со месеци се во потрага по инвеститорот на дивата градба што расте кај „Мавровка“ среде Скопје сега ќе управуваат со буџетот на сите. Ова е коалиција после која истиот СДСМ ќе го видиме пред следните избори како ни вели нема инвестиции, нема пари затоа што тие не го воделе како што треба секторот финансии, ќе имаме нови порази во надворешната политика затоа што тие не го воделе МНР“, пишува Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.
Според него, дека нивниот коалиционен партнер „пет пари не вреди“, и дека е „канцер“ беа зборови на СДСМ со кои го опишуваа ДУИ пред изборите, а сега кога власта е во прашање се фалат едни со други.
„Зошто? – За власт, пари и личен комодитет. За одбегнување на одговорност, поради страв од правдата. Следува период во кој нема да видиме реформи, ќе има кратења, поскап живот и ценовни шокови. Добиваме Влада без кредибилитет и без европска иднина. Македонија има многу проблеми и еден извор на тие проблеми, тоа е оваа антиреформска коалиција за заштита на криминалот, на корупцијата, на срамот и на понижувањата. Ова е влада без кредибилитет, овој пат со пократок рок од претходниот мандат“, посочува лидерот на опозициската партија, Мицкоски.
Влада ВМРО-ДПМНЕ Договор ДУИ Корупција криминал Македонија СДСМ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.