Министерството за внатрешни работи (МВР) најостро ги демантира дезинформациите пласирани од ВМРО-ДПМНЕ дека на извесен Радое Звицер, му бил издаден македонски пасош.

Потсетуваме, велат од МВР, и дека „случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат“.

„Aтентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ подготвувал мафијаш кому министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски му даде пасош. Информациите на Европол, потврдени од МВР на Србија, покажуваат дека е откриен заговор за атентат врз претседателот Вучиќ, а атентаторот е Радоје Звицер, кој добил македонски пасош, објави ВМРО-ДПМНЕ.

Звицер во 2020 година, пак, беше мета на напаѓачи кои се обидоа да го убијат во елитен станбен комплекс во Киев за што пишуваше Нова ТВ.

Македонец, Србин и Црногорец уапсени во Украина по обид за убиство

„Македонец, Србин и Црногорец се уапсени и идентификувани од украинските власти за обидот за убиство на Радое Звицер, наводен водач на т.н. кавачки криминален клан. Еден од нив, како што пишуваат медиумите во Украина, се наоѓа и на меѓународна потерница за убиство“.

Звицер, според укранските медиуми и полиција, го преживеа тогашниот напад во кој бил погоден со пет куршуми во пределот на стомакот по што беше и подложен на хируршка интервенција во Киев.