Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 760 граѓани повредени од полицијата на референдумот во Каталонија

1
By Нова ТВ on October 1, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тензичната ситуација на гласањето на референдумот за независност на Каталонија продолжува. На социјалните мрежи се објавуваат видеа од шпанската полиција која брутално ги напаѓа и ги тепа гласачите кои дошле да гласаат на референдумот. Полицијата по гласачите пукаше и со гумени куршуми. Досега повредени се над 760 лица кои сакале да гласаат и да ги заштитат гласачките места.

Spanish police attack and pepper spray peaceful civilians who were guarding ballot box in a town hall in Aiguavivs pic.twitter.com/A7fMTxpBrA

— Help Catalonia (@CataloniaHelp2) October 1, 2017

Каталонската регионална влада објави информација дека е создаден сајт со помош на блогерската платформа Ворд прес, на кој граѓаните можат да гласаат на референдумот до полноќ, пишува шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Претседателот на Каталонија, Карлес Пуигдемонт, ги обвини шпанските власти дека користат неоправдано, диспропорционално и неодговорно насилство во обидите да го спречат референдумот.

Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, апелираше полицијата да прекине со бруталните напади.

фото: Ројтерс

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој на прес-конференција рече дека денеска не се одржал референдум. Рахој во својот говор не ги спомена повредените граѓани и ја напушти говорницата без да одговори на новинарските прашања.

 

Шпанската влада побара од каталонскиот претседател да ја прекине референдумската фарса и рече дека „неговиот тим е единствено одговорен за сето она што се случи“. Шпанскиот министер за внатрешни работи изјавил дека 12 полицајци се повредени, а три лица биле уапсени. Како што рече, досега затворени биле 92 гласачки места.

Припадници на автономната каталонска полиција Мосос во мало гратче во близина на француската граница, денеска ги штитеше граѓаните кои излегоа да гласаат од бруталноста на полицијата.

Catalan police defend people in Vielha, one of the agents crying pic.twitter.com/iM79SoPFCe

— Help Catalonia (@CataloniaHelp2) October 1, 2017

Против оваа полиција, биле поднесени голем број тужби, затоа што и покрај барањата на шпанската централна власт да спроведат судска забрана за референдумот, гласачките места не биле затворени.

Во соопштението на Вишиот суд во Каталонија се вели дека тужбите се поднесени против каталонската полиција позната како Мосос, а поради отсуство на акции на гласачките места кои биле незаконски отворени заради гласање, се вели во соопштение од судот. Каталонскиот Виш суд нагласува дека од полицијата Мосос побарале повеќе информации во врска со тужбите.

Во одбрана на граѓаните застанаа и пожарникарите.

Firefighters defend democracy pic.twitter.com/TYvF7CNBbc

— Help Catalonia (@CataloniaHelp2) October 1, 2017

Светските лидери повикуваат на дијалог

Светските лидери повикаа на дијалог меѓу Мадрид и Барселона по повод референдумот за независност на Каталонија, пишуваат светските агенции.

Европските влади избегнуваат да го коментираат директно референдумот, велејќи дека тоа е внатрешно прашање за Шпанија.

„Насилството не може да биде одговор! Ние ги осудуваме сите форми на насилство и го потврдуваме нашиот повик за политички дијалог“, напиша премиерот на Белгија, Шарл Мишел на Твитер.

„Загрижен сум за ситуацијата“, призна словенечкиот премиер Миро Церар и повика за владеење на правото и мирно решение.

„Емоционалниот набој е силен. Раните на недовербата – длабоки. Дијалогот со нашиот народ е задолжителен за Шпанија. Насилството нема да помогне“, за возврат прокоментира министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линјавичус.

„Се повеќе и повеќе сум загрижена од фотографиите што доаѓаат од Каталонија. Независно од гледна точка за независноста, ние сите треба да осудиме слични сцени“, вели премиерката на Шкотска Никола Старџен на Твитер.

Таа ја повика Шпанија да го промени курсот пред некој да биде сериозно повреден. „Нека луѓето гласаат во мир“, додаде таа.

Претседателот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин го утврди насилството во Каталонија како шокантно.

 

Можете да прочитате и:

Како дојде до референдумот во Каталонија и што по него

Брутална уоитреба на сила во Каталонија

Каталониски пожарникари ги штитат граѓаните од полицијата

Шпанската полиција ги чисти училиштаата од активисти

Шпанија пред голем тест: Каталонија бара независност на референдум

 

гласање Каталонија независност полициска бруталност референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.