Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најава за масовен протестен марш во Вашингтон против мерките за вакцинација

0
By Sashko on January 23, 2022 СВЕТ
Фото: hellotickets.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 23, 2022 15:43

Во главниот град на САД денеска се очекува да пристигнат илјадници луѓе на протестен марш наречен „Порази ги мерките“, а во врска со наредбата за доказ за вакцинација при влез во јавните места. 

Протестот беше најавен во време кога округот Колумбија минатата недела ги изгласа овие мерки според кои се бара доказ за вакцинација при влез во ресторани и други локални бизниси.  

Жителите на Вашингтон се загрижени дека маршот може да предизивика судир меѓу демонстранти дојдени од други градови и локалните жители. 

Во случај на судир, протестот може да ги врати немилите сцени во Вашингтон од 6 јануари лани кога поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп насилно упаднаа во американскиот Капитол. 

Роберт Ф. Кенеди, активист против ковид-19 вакцинација и еден од организоторите на маршот, изјави дека очекува мирен протест. 

Американците сакаат демократијата да им биде вратена и овој протест е нивно барање за тоа, изјави тој. 

Кенеди е блокиран на Инстаграм и се смета за еден од „дванаесетмината на дезинформацијата“, како што се наречени од медиумите, а поради лажните тврдења за вакцините и ширење на теории на заговор за Ентони Фаучи, главниот советник во Белата куќа за борба со пандемијата.  

Од групата што го промовира протестот на Фејсбук истакнаа дека ќе ги бојкотираат хотелите и рестораните во Вашингтон и дека ќе се сместат во хотели во Вирџинија каде што не се бара доказ за вакцинација.

вакцинација Вашингтон Ковид-19 мерки протест САД Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.