Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новата Влада најдоцна до среда, кандидатите прво на проверка во СЈО

1
By Нова ТВ on May 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 29, 2017 09:15

Мандатарот Зоран Заев ноќеска до Собранието ја достави Предлог-програмата и Предлог-составот на новата Влада.  Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11 часот, ја закажа сеницата за избор на новата Влада, која ќе биде избрана најдоцна до среда на полноќ.

Претходно, на прес конфренција лидерот на СДСМ Заев го состави неговиот избор на министри кои би ја сочинувале реформската влада, откако неговите предлози ги одобри Централниот одбор на партијата. На овој список се наоѓаат:

Радмила Шеќеринска – министер за одбраната

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Драган Тевдовски – министер за финансии

Никола Димитров – министер за надворешни

Рената Десковска – министер за образование

Љупчо Николовски – министер за земјоделство

Мила Царовска – министер труд и социјала

Роберт Алаѓозовски – министер за култура

Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација

Горан Сугарески – министер за транспорт и врски

Министри без ресор –Кочо Анѓушев, Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Самка Ибраимовски,Аднан Ќахил,Зорица Апостоловска и Зоран Шапуриќ.

Вчера, предлозите за свои претставници во извршната власта ги соопшти и ДУИ:

Хазби Лика – вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците

Бујар Османи – вицепремиер задолжен за евроинтеграции,

Садула Дураку – министер за животна средина и просторно планирање

Рамиз Мерко – министер без ресор,

Крешник Бектеши – министер за економија

Билен Салији – министер за правда.

Во новата Влада учествува и Алијанса на Албанците со две министерски места:

Арбен Таравари (од ДР ДПА) – министер за здравство  и

Сухејл Фазлиу (од НДП) – министер за локална самоуправа.

До изјаснувањето на пратениците за составот и програмата на новата Влада има уште еден ден. Во тој рок, како што најави мандатарот Заев ќе прати писмо до СЈО за проверка дали некој од кандидатите се под истрага, бидејќи, ова според него е единствената независна институција.

Пред соопштувањето на составот на новата Влада, претходеа целодневни разговори и консултации на мандатарот со коалициските партнери. Додека со ДУИ и Алијансата уште претходните денови беше јасно дека е постигнат договор, последни, дали ќе бидат дел од новата Влада се изјаснија од БЕСА – дека таа нема да биде дел од идната влада, бидејќи, како што соопштија „мандатарот за формирање влада не беше подготвен за ги прифати принципите на заедничкото владеење со Движењето БЕСА и околу истите да потпише заеднички договор“, стои во официјалното соопштение од Движењето БЕСА.

– Без оглед на тоа што БЕСА останува опозициска партија, таа ќе ја поддржи секоја иницијатива што ќе биде во полза на Албанците и државата, а во насока на имплементација на потребните реформи и нашите врати ќе бидат секогаш отворени за секој кој тежнее кон тие принципи. Денес со право и БЕСА може да се гордее дека беше дел од процесот за уривање на режимот Груевски-Ахмети, но нашата задача уште не е довршена, се вели во соопштението од БЕСА.

Заев на синоќешната прес конференција рече дека БЕСА сепак ќе ја поддржува новата рефорска влада. 

-Навистина за одредени мали работи ние не можевме да се договориме од проста причина што едноставно не беше прифатливо за нас. Можеби како одминува времето ќе бидат отворени околности за да се надминат ваквите прашања коишто не поставија во ваква позиција, но всушност нивниот позитивен став кон она што се случува во Македонија предводена од опозицијата, новата реформска Влада ја прифатија како позитивно нешто и тоа ни дава за право да веруваме дека во иднина ќе имаме соработка за реформскиот процес, рече мандатарот и го повика и останатите партии – ДПА и ВМРО ДПМНЕ и коалицијата да ја поддржат, најавувајќи инклузивен процес во интерес на граѓаните. 

Одговарајќи на новинарско прашање, дали Влада која зад себа има поддршка од 62 пратеници може да биде стабилна, Заев рече дека е убеден во нејзиниот капацитет, додавајќи дека „траењето на Владата зависи од чесноста, од отвореноста, транспарентноста, од отчетноста пред граѓаните и од успешноста на политиките“.

Според Деловникот на Собранието, расправата за програмата на мандатарот и предлогот за состав на Владата трае најмногу два дена и се гласа на полноќ, во случајов  в среда на полноќ, а за неа треба да гласаат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание.

Алијанса за Албанците Беса Влада гласање Зоран Заев министри СДСМ; ДУИ СЈО Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.