Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повиците за насилство на Груевски доведоа до крвавиот четврток

0
By Нова ТВ on November 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 28, 2017 13:18

Истражна постапка против 36 лица отвори Основното јавно обивнителство за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.

Денеска во Кривичниот суд пред истражен судија за настаните кои се случија во Собранието на 27 април  се изведени десетина лица одговорни за организирање и помагање на настаните.

Меѓу приведените е и поранешниот министер за внатрешни работи и ексдиректор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, други припадници на МВР, неколку јавни личности и актери и пратеници.

Приведени се и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Жаклина Стефановска, а се уште се трага по други лица кои помагаа во извршување на делото.

КАКО И КОГА ЗАПОЧНА СЕ

Зовривањето на политичката атмосфера во државава започна по вонредните парламентарни избори во декември 2016 година, откако пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да формираат парламентарно владејачко мнозинство а со тоа и влада, лидерот на партијата, Никола Груевски, во неколку интервјуа, го повикуваше народот „да не седи дома по влечки и да чека друг да му ја заврши работата“.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира остро, а треба да се очекува и народот да го направи тоа според она што можеме да го видиме. Да не мисли (Зоран Заев) дека тоа ќе помине туку така и дека народот ќе остане со скрстени раце“, порача Груевски.

(ВИДЕО)Кој е сценаристот кој го запали фитилот и се крие зад „народот“

СДСМ и ДУИ формираа мнозинство во Собранието, но поради блокадите од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, не можеа да изберат претседател на Собранието. Работата на Законодавниот дом повеќе од два месеца беше под блокада.

На 27 април нешто по 16 часот, пратениците од СДСМ и од ДУИ започнаа постапка за да го изберат Талат Џафери за претседател на Собранието. Народот организиран од ВМРО-ДПМНЕ кој повеќе од еден месец протестираше по улиците беше подготвен да влезе во Собранието. Но пред пратениците Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и уште неколку други лица да ги отворат собраниските порти, пред Прес-центарот каде што лидерот на СДСМ, Зоран Заев и Џафери одржуваа прес –конференција за новинарите се појавија десетина лица со маски и качулки на глава кои се обидуваа да влезат во просторијата.

Собраниското и личното обезбедување на функционерите не им дозволија да влезат, но по само неколку минути вратите од Собранието беа отворени. Очигледно беше дека лицата со качулките не влегле заедно со останатата толпа. Затоа што ако целата толпа влезеше наеднаш, никој немаше да може да ги задржи пред влезот на прес-центарот.

Собраниското обезбедување се бореше со десетина демонстранти, но откако цела толпа нагрна во прес-центарот никој не можеше да ги задржи. Тие со шипки и столици удираа по пратениците и новинарите. Нападите беа против пратениците од СДСМ, при што лидерот Зоран Заев заврши со раскрвавено чело, а пратениците Максим Димитриески и Дамјан Манчевски имаа видливи повреди на главата.

Најтешко повреден беше пратеникот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, кој имаше отоци на мозокот од повредите и ударите што ги доби од демонстрантите кои го влечеа низ собраниските ходници.

https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/463017257367834/

Додека беше најкритично во и околу Собранието имаше едвај 50 полицајци и тие не ги спречија насилниците. Демонстрантите слободно шетаа, се сликаа, кршеа, пееја, тепаа и се закануваа на пратениците и новинарите. Дел од полицајците пријателски им се обраќаа на насилниците и се поздравуваа со нив.

Првата вистинска реакција на полицијата беше околу 22  часот кога почнаа да ги туркаат демонстрантите надвор од собраниските ходници. Неколку минути по 22 часот, од внатрешноста на Собранието се појавија специјалци кои почнаа да ги буткаат демонстрантите надвор од објектот.

Возила со специјалци почнаа да пристигнуваат дури откако пратениците веќе беа повредени. Лошата реакција на полицијата ја призна и тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, кој најави дека ќе побара одговорност од сите ангажирани во Оперативниот штаб, затоа што полицијата не реагирала на време.

„Навремено беше формиран оперативен штаб кој функционира уште од почетокот на протестите, но полицијата денеска не ја заврши работата“, рече Нухиу.

Чавков на 27 април со СМС го известил Нухиу:Состојбата е под контрола

 

 

27.април говор на омраза насилници насилство Никола Груевски Собрание тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.