Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракометен Фајналфор во Келн: Вардар преку Барса за нова историја

0
By Нова ТВ on June 3, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ракометарите на Вардар во атак по нова белешка за паметење во клупското досие. По историскиот пласман на Фајналфор во Лигата на шампиони попладнево (18 ч.) во обид да дофатат и финале во дебитантското учество на завршните турнири. Еден меч е, нема поправен и точно е дека се е можно во такви прилики, па макар ја имале и една Барселона на спротивната страна која важи за благ фаворит не само во полуфиналето туку и за освојување на пехарот.

„За првпат сме дел од еден вака голем и престижен турнир, но тоа не значи ништо. Подготвени сме за соочување со предизвикот и она што можам да го ветам од нас е борба. Толку години го чекавме овој момент и, конечно, го дочекавме. Дојдовме со цел што се надевам дека ќе ја реализираме. Сите четири екипи овде во Келн имаат подеднакви шанси за трофејот“, порачува Стојанче Стоилов, капитен на Вардар.

Фото: rkvardar.mk

Црвено-црните“ се свесни со каков противник ќе имаат работа денеска, за неговиот квалитети и педигре, за притисокот што го носи и што, сето тоа само по себе, може да значи. Но, веројатно, и во Барселона, деветкратен европски титулар, се свесни дека опуштање не смее да има иако македонскиот првак е без искуство од вакви настапи бидејќи, не секогаш, во ситуаците „да се биде или не“ победува фаворитот на хартија. На Лазаров, Ристовски и колегите им е јасна потребата од максимална фокусираност, професионален пристап и адекватен одговор што доликува на гигант каков без сомнение е составот од „Блауграна“.

„Ќе играме со еден од најдобрите клубови со голема и богата историја. Ќе повторам дека е еден меч. Мотивираноста на екипата е честопати пресудна во вакви прилики. Искуството е на нивна страна, но и ние имаме соиграчи кои играле вакви натпревари. Тие треба да нè понесат. Сакаме да покажеме образ и дека заслужено стигнавме до Келн“, дополни Стоилов.

Душебаев: Гладни сме за титула, ќе решава одбраната

Фото: rkvardar.mk

Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони е сон на секој ракометар. Неговиот стана јаве во дресот на Вардар, а попладнево се надева во нова добра партија и пласман во големото финале. За клубот, за навивачите, за македонската јавност, но и за себе од причина што по Келн се разделува од „црвено-црните“ и се сели во Полски, во екипата на Кјелце во која ќе продолжи со својата кариера.

„Максимално сме мотивирани и подготвени за успех. Гладни сме за титула. Стигнавме до завршницата и имаме желба за нова демонстрација на најдоброто од нас. Барселона има искусна екипа што знае како е да се игра на завршен турнир и да се освојува титула. Ќе треба да извлечеме максимум од нас за победа. Да одиграме цврсто во одбрана и да бидеме на високо ниво во напад“, нагласи десниот бек, Алекс Душебаев кој во предвечерјето на престижниот настан во Келн беше промовиран во идеалниот тим во сезоната во ЛШ.

Гонзалез: Да издржиме во воведните 15 минути

Фото: rkvardar.mk

И Раул Гонзалез со индивидуално признание, како Алекс Душебаев, во предвечерјето на престижниот настан во Германија. Шпанецот на македонската клупа е избран за најдобар тренер во елитното натпреварување, а во „Ланксес арената“ денеска ќе сака и да ја потврди номинацијата. Одлично го познава ривалот, кој доаѓа од неговата родна земја, кому му ја препушта фаворитската улога меѓутоа ветува борба за оправдување на присуството во Келн. И, се разбира, потајна верба за пласман во големото финале.

„Одличните ракометари и одличниот тренер ја прават Барселона одлична екипа. Многупати играле на Фајналфор и освојувале трофеи. Играат добра одбрана, имаат долга клупа и може да комбинираат. Анализа направивме и треба да издржиме во првите 15 минути, да бидеме внимателни и да не дозволиме да нè изненадат со нешто ново. Ќе биде тешко во секој случај, но наша желба е пласман во финале.

Во првото полуфинале на Фајналфор турнирот во Келн од 15,15 часот ќе играат унгарски Веспрем и ПСЖ. Во истиот термин утре е мечот за третото место, а од 18 часот и големото финале за континенталниот трон.

Алекс Душебаев Барселона Вардар Келн Лига на шампиони ракомет Раул Гонзалез Стојанче Стоилов Фајналфор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.