Browsing: Барселона

Тој потпиша договор на две години со можност за продолжување на престојот во клубот за 12 месеца. Каталонците под водство на Гркот имаа очајна сезона – беа елиминирани од Валенсија во четврт-финалето од плеј-офот во домашното првенство, а во Евролигата завршија на 11. место

Унгарскиот тим ја совлада Барселона со 34:30 во натпревар за третото место на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони. Капитенот на репрезентацијата на Македонија со три гола во утешното финале на „Ланксес арена“

Шпанскиот репрезентативец, преведено со ракометен речник, ги „спушти ролетните“ за својот поранешен клуб и со своите интервенции беше двигател на „црвено-црните“ во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони во Келн

Експедицијата на шпанскиот и европски гигант заедно со Кире Лазаров и Борко Ристовски, како дел од неа, вечерва се чекираше од пред хотелот „Радисон“ во кој ќе бидат сместени и останатите три екипи – Вардар, Веспрем и ПСЖ

Каталонците по 29 пат го освоија „Копа Дел Реј“ по победата над Алавес со 3:1, „милионерите“ го совладаа Ајнтрахт со 2:1 во финалето на германскиот куп, ПСЖ со автогол во 91 минута го порази Анжер и го подигна 11 куп трофеј во Франција, рекорден 13 трофеј во ФА Купот за „топчиите“ кои на „Вембли“ беа подобри од Челзи со 2:1

Без голови заврши реваншот меѓу шпанскиот и италијанскиот клуб на „Камп Ноу“. „Бјанконерите“ продолжуваат натаму по убедливата победа во Торино со 3:0. Монако и во реваншот подобар од Борусија Д. со 3:1