Browsing: ФИФА

Со триумфот над Словенија во Скопје и поразот од Полска во Варшава, во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, „црвено-жолтите“ имаат вкупно 1.344 бода, пет повеќе во однос на минатиот месец, и напредуваа за едно место во однос на септемвриското рангирање

Емилијано Сала го загуби животот во авионската несреќа на 21 јануари, на пат од Нант кон Кардиф каде требаше да се приклучи на истоимениот клуб од Велс. Неговиот трансфер од францускиот прволигаш изнесуваше 15 милиони евра, а сега со одлуката на ФИФА, Велшаните ќе мора да ја платат првата рата од околу шест милиони евра

На стадионот „Азади“ во Техеран, каде репрезентацијата на Иран најчесто ги игра своите мечеви како домаќин, подготвени се одделни влезови, трибини и тоалети за жените. Исто така, ќе има дополнителен број на полицајци за жените да можат безбедно да влезат и да излезат од стадионот, додаде Солтанифар. Иранската репрезентација на 15 октомври ќе биде домаќин на Камбоџа во квалификациите за СП 2022

Првиот натпревар на домашен терен по подолга пауза, ирачките репрезентативци ќе го одиграат на 10 октомври против Хонг Конг на стадионот што се градеше од 2009 година до 2013 година и има капацитет од 65.227 места. Поради воените дејствија и лошата безбедносна состојба во земјата, Ирак во последните години беше домаќин во Иран, во Јордан или во Малезија

Поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Мишел Платини (63) е уапсен претпладнево во париското предградие Нантер под сомнение дека го продал својот глас на Катар при изборот за домаќин на Светското првенство во 2022 година. Покрај него се приведени и советничка и секретар на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози

Казната за „сините“ се однесува за неправилности при купување на фудбалери помлади од 18 години меѓу кои и поранешниот напаѓач Бертран Траоре. Врз основа на документите што излегоа во јавност, под лупа на ФИФА во случајот беа 19 млади играчи во изминатите три години од кои, наводно, 14 биле малолетни

Покрај мундијалите, првиот човек на ФИФА најави можност за исклучување и од ЕП и од националните шампионати во случај на формирање на сопствено натпреварување на најбогатите клубови на стариот континент

Заедничката кандидатура на северноамериканско трио ја поддржаа 134 делегати на денешниот 68. Конгрес на ФИФА во Москва. Апликацијата на нивниот противкандидат Мароко доби 65 гласа додека еден член се изјасни против. Фудбаллскиот турнир по осум години ќе биде прв со 48 репрезентации, финалето ќе биде во Њу Џерси