Browsing: фудбал
Зрињски славеше со 3:0 на арената „Тоше Проески“ за потврда на фаворитската улога во двомечот со пандевци, Алашкерт,, пак, со 3:1 ги совлада ѓорчепетровци чии, какви-такви, надежи за второ коло задржа Ален Јашароски со голот во 52. минута. Шкупи претходно во Ереван одигра 3:3 со Пјуник
Алжир и Тунис се последни полуфиналисти на Купот на африкански нации (КАН). Алжирските фудбалери беа подобри пеналџии во четврт-финалето против…
Двоен стрелец за чаирчани беше капитенот Муарем Бајрами во 26. минута и во 60. минута, третиот гол, втор во меч го постигна Дарко Илиески во 43. минута. Ерменците во последните десетина минути успеаја до два гола за реми пред реваншот во Скопје што е закажан за наредниот четврток од 20.30 часот
Белградските „црвено-бели“ одиграа 0:0 на гостувањето во Литванија додека, пак, претставникот на БиХ чиј капитен е Крсте Велкоски загуби пред своја публика од шкотскиот гигант со 1:3
Меѓу наполитанците е најавен за утре (среда), најпрво на лекарски прегледи, а потоа и на потпис на петгодишен договор. Во градот под Везув го гледаат како алтернатива за Фабијано Руиз. Може да одговори на неколку позиции во средниот ред во која најдобар ефект има како централен играч за врска. Членот на „црвено-жолтиот“ национален тим пред две години замина од Работнички во Фенербахче за 180.000 евра, а неговата цена во меѓувреме многукратно се зголеми на фудбалскиот пазар
Тетовци го совладаа естонски Номе Калју со 1:0, стрелец на единствениот погодок на стадионот „Кардиору“ беше Агим Ибраими во 81. минута. Севкупниот победник од двомечот во второто коло ќе игра со подобриот од дуелите меѓу Сараево и Селтик. А, по исходот во Естонија попладнево, многу поблиску до пресметки со славниот шкотски клуб е македонскиот фудбалски шампион
По пауза од 12 години, Бразилците успеаја до континенталниот трофеј по победата над Перу со 3:1 во финалето на култната „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Стрелци за бразилската селекција беа Евертон во 15. минута, Габриел Жезус во екстра времето на првиот дел и Ришарлисон од пенал во 90. минута. Почесниот за цврстите Перуанци беше дело на Гвереро од белата точка во 44. минута
Фудбалските репрезентации на Мадагаскар и на Алжир се пласираа во четврт-финале на Купот на африкански нации (КАН) во Египет. Мадагаскар…
Досегашниот вардарец потпиша едногодишен договор со македонскиот фудбалски шампион со можност за продолжување на соработката за дополнителна сезона.
Челзи и Атлетико Мадрид постигнаа договор за Алваро Мората (26) за трансфер на шпанскиот репрезентативец од „Стемфорд Бриџ“ на „Ванда…
Стрелци за „кариоките“ во полуфиналето во Бело Хоризонте беа Габриел Жезус во 19. минута и Фирмињо во 71. минута. Бразилците ќе играат за титула против подобриот од мечот Чиле – Перу кој ќе се одигра ноќеска. Финалето е на 8 јули на „Маракана“ во Рио де Жанеиро
Со мечевите од третото коло во групите Е и Ф заврши првата фаза на Африканскиот Куп на нации во фудбал.…















