Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: фудбал
Поради големиот број на уапсени, во функција за нивни превоз беа ставени неколку стари автобуси на ЈСП, а сите го минаа денот и ноќта во полициските станици во Карпош, во Гази Баба, во Кисела Вода и во Ѓорче Петров. Претпладнево беа изведени пред судија за прекршоци по што ќе бидат познати и казните кои може да бидат парични, но да бидат изречени и времени мерки за влез во земјата
Полска славеше вечерва на националната арена „Тоше Проески“ со 1:0. Погодокот на Камил Глик од 47. минута беше доволен за победникот во дерби мечот од третото коло во групата Г. Веќе во понеделник во Скопје ќе гостува и селекцијата на Австрија
Швајцарецот со италијански корени беше единствен кандидат на изборите на 69. Конгрес на организацијата што денеска се одржува во Париз
„Црвените“ на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид славеа над Тотенхем со 2:0 со головите на Мохамед Салах во втората минута од пенал и на Дивок Ориги во 87. минута
Во 21 часот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе се пресметаат Ливерпул и Тотенхем во финалето на Лигата на шампиони. Мечот ќе почне со минута молчење во чест на Хозе Антонио Рејес кој загина во сообраќајна несреќа претпладнево крај Севилја
Инцидентот, според информации од Пиринеите, се случил претпладнево на пат што од неговиот роден град Утрера до главниот град на шпанската покраина Андалузија
Низ целиот шампионат во Германија, раководството на Борусија Дортмунд ревносно ја бележеше посетата на натпреварите на домашен терен, па секој што не присуствувал на барем седум од 17 средби на „Вестфален“ остана без пропусница за наредната сезона
Успешна смена на генерации, „прошетка“ низ Д дивизијата во фудбалската Лига на нации, пласман во Ц конкуренцијата, полуфинале против Косово и одличен вовед во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Сето ова беа доволни факти за Фудбалската федерација на Македонија да го продолжи договорот со актуелниот селектор до крајот на наредната година
„Сините“ ја добија лондонската пресметка со 4:1 и по вторпат го подигнаа трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА по 2013 година кога во Амстердам ја поразија Бенфика. Сите пет гола на Олимпискиот стадион во Баку беа постигнати во второто полувреме. Двапати погоди Азар и по еднаш Жиру и Педро, поразот на „топчиите“ го ублажи Ивоби. Во сабота на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе играат Ливерпул и Тотенхем за трофејот во Лигата на шампиони
Дури ниту ироничната понуда за придружба со воен авион не можеше да влијае на Ерменецот да отпатува во Азербејџан и да заигра за „топчиите“ против „сините“ во вечерашниот меч за титула во Баку што почнува во 21 часот
Шпанецот потпиша двегодишен договор со управата и на новата функција ќе стапи кон средината на јули пред почетоко на подготовките во Џирона
Екипата од главниот град на Германија го слави историскиот успех по ремито без голови на домашен терен против Штутгарт (првата средба заврши 2:2), па поради постигнатите голови во гости е севкупен победник во бараж двомечот