Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: фудбал
Негово дело беше единствениот погодок на „Велодром“ во Марсеј за победа на тимот на Олимпик со 1:0 со која останува конкурентен за пласман во Лигата на шампиони во наредната натпреварувачка сезона
Лацијалите поведоа со прекрасен гол од работ на казнениот простор на италијанскиот репрезентативен напаѓач во 23. минута, „виолетовите“ израмни преку Колумбиецот во 61. минута по што дојде до пад на темпото во последните пола час од фудбалската претстава на „Артемио Франки“ во Фиренца
Домашните најпрво промашија пенал, а до водството во 29 минута двапати ја тресеа мрежата на Тибо Куртоа од офсајд позиции. „Кралевите“ израмнија до паузата и со уште три гола во продолжение да стават печат на 16 победа во сезоната во Примера. Двапати погоди Бензема, по еднаш Варан и Модриќ
„Топчиите“ славеа на „Емирати“ со 2:0 со головите на Гранит Џака и на Пјер Емерик Обамејанг. Норвешкиот менаџер на „црвените ѓаволи“ смета дека може да биде присутно незадоволство од резултатот, но никако од играта
Македонскиот репрезентативец не беше во протоколот за мечот на Динамо Загреб против Бенфика во Лига Европа поради повреда на стомачниот ѕид што ја влече подолг период и нема да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за дуелите против Летонија и против Словенија во квалификациите за ЕП 2020
Прекинот на шампионатот е последица на напад врз арбитар, па неговите колеги, во знак на солидарност, се решија за бојкот се додека не биде задоволено нивното барање за соодветна заштита на стадионите
„Сините“ за 3:0 го совладаа Динамо Киев, наполитанците со идентичен резултат беа подобри од Салцбург
Раководството на „волчицата“ реагираше експресно и веднаш по враќање на екипата од Португалија му врачи отказ на тренерот. Заклучокот е повеќе од јасен – исцрпени се сите кредити и римјаните немаат перспектива со членот на генерацијата која во 2001 година освои „Скудето“
„Модрите“ на „Максимир“ ја совладаа Бенфика со 1:0 со голот на Бруно Петковиќ од пенал во 38. минута, Рен, пак, ги совлада „топчиите“ со 3:1 во првите осминафинални дуели. Реваншите се закажани на 14 март
Манчестер јунајтед по кој знае кој пат покажа дека наизглед невозможното е сепак возможно во фудбалската игра. И со петте…
Алесандро Флоренци повлече противнички фудбалер што за турскиот арбитар Чакир, по прегледување на ВАР снимката, беше причина да покаже на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Алекс Телјеш во 117. минута
„Црвените ѓаволи“ се надминаа себеси и со 3:1 славеа над ПСЖ за неверојатно враќање по поразот на „Олд Трафорд“ (0:2) и пласман во четврт-финалето