Browsing: фудбал

Поранешниот репрезентативец на „лалињата“ и член, меѓудругото, на Барселона ја доби довербата на клупската управа пред Карлес Пужол кој, исто така, беше кандидат за наследник на Аргентинецот Херардо Мартино на клупата на тимот од „Мерцедес Бенц арена“

Домашните трипати погодуваа во статива и еднаш во пречка, но на крајот мораа да се задоволат само со реми (1:1), нивно шесто во низа по дуелите со Херта (3:3), со Шалке (1:1), со Волфсбург (2:2), со Борусија Менхенгладбах (0:0) и со Вердер (1:1)

Со голот на францускиот интернационалец во 83. минута, Баварците го совладаа Лајпциг со 1:0 во дербито на 16. коло на Бундеслига и ја намалија разлика на шест бода во однос на водечката Борусија Дортмунд

Баварците решија да ја активираат откупната клаузула од неговиот договор со „јорганџиите“ што изнесува 85 милиони евра и да го направат најскап дефанзивец во историјата на фудбалската игра. Досегашниот рекорд го држеше Вирџил ван Дајк кој од Саутемптон се пресели во Ливерпул за 78,8 милиони евра

„Кралевите“ во второто полуфинале на турнирот ја совлада Кашима Антлерс со 3:1 и обезбедија прилика по третпат едноподруго да бидат најдобар планетарен клуб. Финалето е во сабота (17.30 ч.)