Browsing: Хеликоптер

Потврда за паднатиот воен хеликоптер дојде и хрватското Министерство за одбрана. Од таму наведуваат дека станува збор за летало од типот „Кијова ОХ-58Д“, а несреќата се случила пола час по полетувањето

Американските метеоролози потврдија дека видливоста била многу лоша во моментот на несреќата. „Влажноста на воздухот била 100 отсто што говори дека воздухот бил како супа“, вели Мајк Геј од „Си-Ен-Ен“ во описот на условите на летот

Покрај нив двајца, со хеликоптерот на кошаркарски натпревар патувале и другарка на ќерката на Брајант и нејзиниот татко, Џон Алтобели, бејзбол тренер на колеџот Оринџ Каунти и пилотот на леталото. Но, шерифот Алекс Валануева на официјална прес-конференција подоцна откри дека во хеликоптерската несреќа загинале девет лица – пилотот плус осум патници, без да каже кои се преостанатите четворица кои смртно настрадаа кај Калабасас во Калифорнија

Сопственикот на клубот заедно со една од неговите ќерки, двајца пилоти и сè уште неидентификувано лице биле во леталото што се урна во непосредна близина на „Кинг Пауер“ стадионот по мечот со Вест Хем во англиската Премиерлига. Хеликоптерот, според англиските медиуми, се подигнал нормално, достигнал височина од 200 стапки (околу 60-70 метри) по што одеднаш почнал да паѓа и за неколку секунди се претворил во огнена топка