Browsing: Хрватска

Преку 90.000 парижани се собраа под отворено небо за време на мечот за трофејот во Москва додека Ајфеловата кула беше затворена за посетители. Властите притоа распоредија 110.000 полицајци низ цела Франција и апелираа дека безбедноста зависи и од нивното однесување, а не само од припадниците на безбедносните служби

„Триколорите“ во финалето на мундијалот во Русија ја совладаа Хрватска со 4:2 и по вторпат во историјата (првата титула ја освоија во 1998 година) се закитија со злато на планетарните турнири

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, која попладнево игра против Франција во финале на СП во Русија, како петгодишно момче се појавува во секвенца од 1990 година во филм чиј потписник е Павле Баленовиќ, музичар, каскадер и вљубеник во природата, во волците, во Лика и во Велебит. Неговиот производ беше прикажан и на „Би-Би-Си“, но и на неверојатни 44.000 ТВ куќи во светот

Хрватскиот селектор го доведе националниот тим до работ на фудбалска бесмртност. На сцена стапи тивко, без помпа, но и со голема доза на скептичност во јавноста во поглед на неговиот капацитет за справување на карактерите на „коцкестите“ ѕвездички. Со настапите на СП во Русија ја зацементира својата позиција на клупата

„Коцкестата“ репрезентација по цели две децении ќе игра полуфинале на Светско првенство по подоброто изведување на удари од белата точка во дуелот со Русија. Избраниците на Златко Далиќ во среда (20 ч.) на стадионот „Лужники“ во Москва на мегдан со Англија за место во големото финале на 15 јули

„Коцкестите“ во осминафиналето ја премостија Данска преку пенал рулет и се најавија како ривали на Русија во топ 8 фаза во сабота на стадионот „Фишт“ во Сочи. Модриќ во 116. минута не успеа да реализира најстрога казна, но голманот на Монако подоцна се покажа како пресуден фактор за прогрес на тимот на Златко Далиќ на мундијалот во Русија

„Коцкестите“ во целост се оправдаа во улога на фаворити и со автоголот на Огенекаро Етебо во 32. минута и на капитенот Лука Модриќ во 71. минута од пенал дојдоа до првите три бода на мундијалот

За виновни во случајот се прогласени и тројца соработници – неговиот брат Зоран доби затворска казна на четири години и 11 месеци, Милан Пернар е осуден на четири години и два месеца, а Дамир Врбановиќ на три години.