Browsing: Хрватска

„Коцкесите“ го поправија впечатокот од мечот со Белорусија и ја совладаа Норвешка со 32:28 за втора радост во главната фаза, „триколорите“, пак, беа подобри од вториот скандинавски претставник во групата, Шведска со 23:17. Голем придонес во победничките селекции имаа голманите Иван Стевановиќ и Венсан Жерар. Утревечер (недела, 20.30 ч.) Македонија против Шпанија во Вараждин

Домаќинот на ЕП подобар од неговиот источен сосед со 32:22. Лука Степанчиќ и Мануел Штрлек беа први стрелци со составот на Лино Червар со шест погодоци колку што постигна и Петар Ненадиќ за поразената репрезентација. Во тимот на Јовица Цветковиќ, кој се загуби во второто полувреме, се истакна уште Немања Зеленовиќ со пет гола. Франција подобра од Норвешка со 32:31 во дербито на групата Б. Македонија утревечер (19,30 ч.) против Словенија во воведниот настап на континенталниот турнир

„Дружината“ е разбиена од полициите на Словенија и на Хрватска, а во соработка со „Европол“. Во претресите на 13 куќи и 15 возила на различни се запленети два автомобила, 35 електронски направи, 32 мобилни телефона, 19,650 евра и 38,500 фалсификувани евро-банкноти и аупсени се 11 лица, соопштуваат од европската полиција

Ривали на северниот сосед во групата Е ќе бидат и Швајцарија и Костарика, „коцкестите“, пак, во груупата Д ќе играат и со Исланд и со Нигерија. Светското првенство во Русија ќе биде отворено со натпревар меѓу домашната репрезентација и Саудиска Арабија на 14 јуни на стадионот „Лужники“ во Москва на кој ќе се игра и големото финале на 15 јули

Хашкиот трибунал денеска ќе ја изрече второстепената пресуда во случајот „Прлиќ“, од која зависи дали некогашниот државен врв на Хрватска ќе биде правосилно прогласен за одговорен за учество во заедничко злосторство над муслиманите