Browsing: Инцидент

Ласло Солумос, кој го водеше ресорот животна средина во кабинетот на премиерот Петер Пелегрини, ноќеска според словачките медиуми, наводно пијан, заедно со неговиот брат учестувал во демолирање на кинески ресторан во Братислава

За разлика од нив, третото момче кое беше приведено е пуштено да се брани од слобода. Сите тројца се товарат за кривично дело – тешки телесни повреди во обид како и за кривично дело – разбојништво во обид пришто одземале маички на белградските “црвено-бели“, јавува новинската агенција ХИНА

Причина е нападот врз тројца играчи на „црвено-белите“ на сплитската ривиера попладнево пришто двајцата успеале да побегнат, а третиот се спасил со скок во море. Инцидентот што бил пријавен околу 13.40 часот го потврди и хрватската полиција

На тапет се најдоа Александар Кокорин и Павел Мамаев кој го нападнаа Денис Пак, еден од највлијателните московјани, во ресторан во руската престолнина. Мамаев веќе доби отказ во Краснодар, потег што засега го нема од Зенит за Кокорин. Според тамошните медиуми, против двајцата се најавени кривични пријави и можна казна затвор. Се шпекулира дека недоличното однесување на Кокорин и на Мамаев значи крај на нивните репрезентативни кариери

Од МВР соопштија дека за прославата на Илинден биле ангажирани 180 припадници на униформираната полиција, 70 полициски службеници во цивилна облека, 120 припадници на Одделот за специјални полициски операции и 10 полициски службеници од Одделот за заштита на одредени личности и објекти. Дополнително, за обезбедување на внатрешниот параметар на патеката по која се движеа делегациите биле ангажирани и припадници на Посебните единици на полицијата од кои 30 во цивилна облека, а 10 во полициска униформа

Благодарение на присебната реакција на пилотот, саудијските играчи, сепак, беа безбедно приземјени на аеродромот во градот на Дон каде во среда од 17 часот ќе играат против Уругвај во рамки на второто коло во групата А