Browsing: Катица Јанева

Казната за Јовановски, кој беше спроведен од притвор во затворот Шутка, е за делото „примање награда за противзаконито влијание и перење пари“, додека, пак, Јанева, која поради здравствени и семејни причини, остана дома е осудена за делото „злоупотреба на службената положба и овластувања“

Поранешната шефица на Специјалното Јавно обвинителство со завршни зборови за случајот „Рекет“. Истакна дека црвени телефони не и требаат, образот и е чист и се срами што е дел од предметот. За Орце Камчев рече оти „се покажало дека е „валкан“ играч кој мисли дека се може да купи со пари, но се излажа бидејќи мене не можеше да ме купи“. Пресудата за „Рекет“ е закажана на 18 јуни

Обвинителката потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во ,,Империја”) го пријавил случајот во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција и рече од тоа што го слушнала мислела дека е во некој лош сон. Следното рочиште е закажано за 1 јуни на кое завршни зборови треба да даде одбраната

Првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај второобвинетата Катица Јанева, поранешна специјална обвинителка, за бизнисменот Јордан Камчев, осомничен во предметот „Империја”, да добие поблаги мерки во истражната постапка за што во обвинението се тврди дека земал 1,5 милиони евра. Судењето почна на 3 декември лани и уште на првото рочиште третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец го призна делото и доби тригодишна затворска казна

Ова е обелоденето на денешното рочиште за случајот „Рекет“ што продолжи со изнесување на докази на одбраната. Снимката била направена во домот на поранешната специјална обвинителка со мобилен телефон со пари на масичка пред неа

Според опозицијата, снимките покажуваат дека Заев договарал одлуки со Врховниот суд и бил во тесна и блиска соработка со Катица Јанева. Лидерот на СДСМ, пак, вели дека ВМРО-ДПМНЕ не успева да направи конструкција и тврди дека се борел предметите да добијат правна разрешница, нагласувајќи дека таа била загрозена, а за тоа се слуша и во објавениот разговор