Browsing: Лига Европа

„Црвено-црните“ кои пред седум дена во СКопје почнаа со испишување на историја со победата над Фенербахче со 2:0, ја комплетираа вечера на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул со нов триумф над турскиот гигант. Ждрепката за групите ЛЕ е закажана за утре во 13 часот

„Црвено-црните“ имаат 2:0 од првата средба на „Телеком арена“ и реални шанси да станат први претставници од домашната сцена што ќе заиграат во групи во натпреварување на УЕФА. Но, нивниот менаџер не дозволува евентуална еуфорија што би довела до коцкање на одличната шанса

И менаџерот на Шкендија и нејзиниот капитен Ферхан Хасани се свесни дека негатива од шест гола е недостижна против ривал каков што е седумкратниот европски првак. Оттука и поправање на впечатокот ќе биде единствен императив за македонскиот вицепрвак и ќе биде покажување дека лицето од „Сан Сиро“ не е вистинското на тетовци

Менаџерот на „росонерите“ го оцени гостувањето во Скопје како важно од аспект на индивидуалниот и колективниот пристап во ситуација кога се има убедлива предност каква што неговите фудбалери ја понесоа од Милано. Планираните ротации во тимот ги образложи со згуснатиот распоред и клупски обврски на секои три дена до крјот на годината, а згора на тоа ќе има и репрезентативни активности

Новиот вардаров менаџер предупредува на потребата од ладни глави и дека нема место за еуфорија. Зад екипата се само 90 минути и има уште толку до посакуваната цел – пласман на македонски претставник во групите во Лига Европа или во Лигата на шампиони што е сон од осамостојувањето

По два гола за „росонерите“ постигнаа Андре Силва (13 минута и 28 минута) и Рикардо Монтоливо (25 минута и 85 минута), по еднаш Захов го совладаа и Фабио Борини во 67 минута и Лука Антонели во 69 минута во првиот плеј-оф меч за Лига Европа за формален реванш по седум дена во Скопје

„Црвено-црните“ го совладаа турскиот гигант со 2:0, резултат каков што само можеше да посака Чедомир Јаневски во дебито на клупата. Барсегјан во 20 минута и Топал во втората од судиското продолжение го решија победникот вечерва на „Телеком арена“. Реваншот е на 24 август во Истанбул

Капитенот изрази надеж дека ќе продолжи низата без пораз на „црвено-црните“ како домаќини ова лето, откако пред своја публика ги совладаа Малме во Струмица и Копенхаген во Скопје. Мечот против турскиот гигант на „Телеком арена“ почнува во 20 часот