Browsing: оставка

Неговата одлука доаѓа по два дена од објавата на аудио снимки во кои се слуша за време на состаноци со неколку министри како ги насочува да зборуваат за економијата со претседателот за кој како што вели „не ги разбира економските работи“

На оставката на Медведев претходеше предлог на Путин за темелни промени на рускиот Устав. Дел од нив, како што пренесуваат руските медиумите, се однесуваат на можноста во иднина Думата да има овластувања да предлага премиери, заменик премиери и министри, а претседателот да има обврска да ги именува предложените кандидати

Владејачкото мнозинство и опозицијата постигнаа договор за усвојување на сите законски предлози од 123. собраниска седница кои се поврзани со примена од 1 јануари, изјави денеска претседателот на Собранието. Запрашан за начинот кој доведе до „примирје“ во Парламентот тој одговори – „прашајте ги Заев и Мицкоски“

Премиерот повтори дека СДСМ сака и се подготвува за избори. Како потврда за тоа ја посочи седница на Централниот одбор на партијата што е закажана за петок, кога треба да се „пресече“ за новиот технички премиер и за дополнителните заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Но, додаде нема да дозволи интересот на државата да биде доведен во прашање поради нечија скриена агенда која „може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на државата и на граѓаните“

Кеит Шембри се повлеќе од функцијата по најавите на полицијата за сослушување на неколку лица во врска со убиството на новинарката Дафне Каруна Галиција во 2017 година кога под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив

Одлуката за кој вели дека ја донел и пред мундобаскетот ја соопшти на прес-конференцијата по триумфот над Чешка со 90:81. Седма е селекцијата на САД која денеска славеше над Полска со 87:74. Утре (недела) од 10 часот претпладне ќе играат Франција – Австралија за бронзениот медал, а од 14 часот е закажано големото финале меѓу Шпанија и Аргентина  

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај изјави дека се повлекол од функцијата поради повикот на Специјалното обвинителство во Хаг, а не, како што кажа, притисокот од САД и ЕУ за ставовите што ги застапува во дијалогот со Белград. „Јас ја исполнив законската обврска да се јавам на располагање пред Специјалното обвинителство како осомничен во истражна