Browsing: предлог

Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција добија задолженија за изготвување на посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапување од мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки. Апликацијата „СтопКорона“ станува задолжителна во секое решение за изолација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат

Ваквиот предлог се однесува само за градовите Скопје, Куманово, Тетово и Штип со дел од околните општини во кои има зголемен број на заболени со Ковид-19 и ќе биде доставен до Владата

За Северна Македонија, ЕК предлага да се издвојат 160 милиони евра, за Албанија – 180 милиони, за БиХ – 250 милиони евра, за Косово 100 милиони евра и за Црна Гора – 60 милиони евра. Надвор од земјите од Западниот Балкан, европската извршна власт смета дека ќе бидат потребни 150 милиони евра на Грузија, 200 милиони евра на Јордан, 100 милиони евра за Молдавија, 600 милиони евра за Тунис и 1,2 милијарди евра за Украина

Скратен „полициски час“ e предложен и за деновите во викендот и тоа од сабота во 13 часот до пет часот наутро во понеделник. Два часа плус за движење за лицата повозрасни од 65 години и час повеќе за лицата до 18 години