Browsing: ракомет

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави распоредот за новата сезона во елитното натпреварување. Гостувањето на шампионот во Полска е закажано меѓу 13 и 17 септември. Металург, пак, својата премиера во групата Д ќе ја има во Франција против Монпелје

Спортскиот директор на Вардар го наследува Дмитри Торгованов на кормилото на националниот тим додека сопственикот на „црвено-црните“ во наредниот период ќе биде и потпретседател на Руската ракометна федерација (ФГР)

Руската репрезентативка и македонскиот женски ракометен првак потпиша договор на две години со можност за негово продолжување. Игра на позицијата лево крило. Висока е 168 сантиметри и меѓу „црвено-црните“ пристигнува како слободна ракометарка. Лани го освои златниот медал со „зборнаја“ на Игрите во Ро де Жанеиро

Натпреварите во групата Ц ќе се играат во Загреб, трите најдобропласирани репрезентации ќе продолжат во главната фаза во Вараждин заедно со најдобрите три тим од групата Д. Завршниот турнир ќе се одигра од 12 до 28 јануари во Хрватска

Машката репрезентација ја разнесе Чешка со 33:20 и како првопласирана во групата 4 ќе патува на Европското првенство догодина. Капитенот Кире Лазаров постигна 11 гола во решавачкиот исчекор кон завршниот турнир

Националниот тим, предмалку, во Суми, Украина, одигра 27:27 со домашната селекција. Дејан Манасков не реализира удар за победа во последна секунда. Место на континенталниот собир во Хрватска ќе мора да се брка во недела низ последните 60 минути во квалификациите против Чешка на домашен терен

На турнирот што е востановен во 1997 година ќе играат и бранителот на титулата Фухсе Берлин, египетски Ал Ахли (освојувач на африканската ЛШ), Ал Нор од Саудиска Арабија (освојувач на азиската ЛШ), Сиднеј јуниверсити (осовјувач на Купот на шампиони на Океанија), бразилски Пињеирош (освојувач на Пан-американскиот Куп на шампиони), претставник на домаќинот и екипа со вајлд карта