Browsing: Црна Гора

„Црвено-жолтите“ триумфираа и на Црна Гора со 29:28 и се промовираа како сигурни учесници во наредната фаза на 13. Европско првенство во Хрватска. Кузмановски беше најефикасен со шест гола, капитенот Лазаров, Миркуловски, Манасков реализираа по четири за преземање на лидерската позиција на табелата во групата Ц пред судирот со актуелниот континентален првак Германија во среда од 18,15 часот

Во дербито на групата Ц, во Олденбург, Црногорките ја совладаа Данска со 31:24. Словенија ја порази Франција со 24:23, а Србија ја понижи Кина со 43:23. Норвешка, како бранител на титулата, ја правда улогата на фаворит против Унгарија (30:22)

Актуелниот светски фудбалски првак ја декласира Норвешка со 6:0, „змајчеки“ на Среќко Катанец убедливи против Литванија со 4:0, Црногорците во Подгорица ја совладаа Романија со 1:0 во деветте синоќешни дуели во УЕФА зоната за пласман на СП 2018 во Русија