Browsing: Вардар

Шпанскиот репрезентативец, преведено со ракометен речник, ги „спушти ролетните“ за својот поранешен клуб и со своите интервенции беше двигател на „црвено-црните“ во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони во Келн

Експедицијата на шпанскиот и европски гигант заедно со Кире Лазаров и Борко Ристовски, како дел од неа, вечерва се чекираше од пред хотелот „Радисон“ во кој ќе бидат сместени и останатите три екипи – Вардар, Веспрем и ПСЖ

„Црвено-црните“ за крај одиграа 0:0 против Силекс, а пред почетокот на мечот, покрај збогување со поранешниот репрезентативец на Македонија, се разделија и со Благоја Љамчевски кој заминува од клубот. Благодарница му беше врачена на долгодишниот спортски новинар и коментатор во Македонската телевизија, Златко Калински, кој по 42 години работен стаж заминува во пензија

Лидерот на табелата и старо-нов шампион го совлада Пелистер во Битола со 3:2, Победа со триумфот над Работнички со 3:0 се спаси од испаѓање во Втора лига што, пак, останува да виси над чаирчани по поразот од Силекс во Кратово со 1:0

Дебармаалци со ремито кај Шкендија (2:2) и триумфот на Вардар над Ренова (2:0) и дефинитивно ќе играат во квалификациите за ЛЕ, напаѓачот на Пелистер, пак, против Силекс го постигна 126 првенствен погодок на македонските тревници и го надмина Зоран Бошковски на вечната листа

Репрезентативецот на Црна Гора го продолжи договорот со македонскиот шампион. Оваа сезона постигна 89 гола за „црвено-црните“ од кои 41 во Лигата на шампиони и 48 во СЕХА лигата и полека, но сигурно, се наметнува како важна алка во синџирот на Раул Гонзалез