Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талат Џафери: Иванов треба да му го даде мандатот на Заев

0
By Нова ТВ on January 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 31, 2017 22:00

Според пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, претседателот Ѓорѓе Иванов треба да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за да се обиде да состави влада.

Во интервју за косовската ТВ Дукаѓини, меѓу другото, Џафери вели Иванов иако е претседател на државата, работи под влијание на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иванов треба да размислува за она што е демократска и парламентарна пракса. Тој треба да работи врз основа на тоа, а не да ги извршува партиските налози на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Џафери.

Оваа изјава на Талат Џафери, која ја пренесуваат медиумите, доаѓа откако партијата на Груевски и Али Ахмети не договорија состав на влада со потребното мнозинство до предвидениот рок.

Деновиве се се врти околу следната постапка на Претседателот, кој пак соопшти дека врши консултации.

Додека лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев на прес-конференција изјави дека очекува според Уставот, Иванов да му дозволи преку мандатот да се обиде да состави влада, ВМРО-ДПМНЕ по неуспешните преговори порача дека очекуваат нови избори, бидејќи според нив мандатот не треба да му се даде на Заев.

Меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ упати барања за одговори до американската Амбасада и до портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ да ги објаснат нивните ставови во контекст на формирањето на новата влада.

ДР-ДПА во меѓувреме информираше дека доколку се оди на нови избори, тие ќе ги бојкотираат, предупреди Зијадин Села, според кој, така само би се продлабочила политичката криза наместо да се реши.

Движењето Беса која по изборите на 11.декември влезе во Парламентот, реагира дека фокусот сега треба да се стави на формирање стабилна политичка влада.

Влада ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Ѓорѓе Иванов Зоран Заев мандат СДСМ Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.