Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензијата помеѓу Белград и Приштина опадна но проблемот не е решен

0
By Нова ТВ on February 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во последните два месеци растеше тензијата помеѓу Белград и Приштина, најлоша од прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година. Почнаа дури и политички закани со војна и провокации.

Се почна со ѕидот. Тој беше во Косовска Митровица беше изграден минатата година во близина на мост на кој се изведуваа работи за тој повторно да биде пуштен за сообраќај. Локалните Срби тврдеа дека тој ѕид е дел од проектот за изградба на пешачка зона, но во јавноста се сфати како ѕид на поделеност на Косовска Митровица на северен и јужен дел. По интервенција на меѓународната заедница, градоначалникот на Северна Митровица рече дека ѕидот ќе биде редизајниран и дека на тоа место ќе има летна сцена.

Потоа на сцена стапи српскиот воз со натпис „Косово е Србија“ кој тргна од Белград за Косово накитен со српски знамиња и икони. Владата на Косово оцени дека тоа е отворена провокација и на границата со Србија испрати вооружена специјална единица на косовската полиција. Српскиот премиер Александар Вучиќ тогаш „во име на мирот“ одлучи да го запре возот во Рашка и ја предупреди косовската влада да не употребува насилство.

Дојде и до заканувачки зборови. Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави: „Доколку некој убива Срби на Косово, ќе ја испратам српската армија“. Косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за Дојче Веле рече дека Србија ги вооружува Србите на северот на Косово без да прецизира од каде му е таа вознемирувачка информација.

Неуспех на ЕУ

ЕУ реши да интервенира кога виде дека тензиите не се смируваат. Шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини на 24 јануари ги повика премиерите и претседателите на Србија и Косово на разговори во Брисел. За Вучиќ ова била “најтешката средба од почетокот на дијалогот со Приштина” а Тачи повтори дека Србија ги вооружува Србите на северот на Косово и подготвува анексија на северот. За Вучиќ тоа е “бесмислица” затоа што Косово е дел од Србија: “Како можеме да подготвуваме анексија на наша територија?”, рече тој. Со што повторно јасно стави на знаење дека Србија нема да го признае Косово како независна држава а тоа е осно вното барање на Косово.

Могерини повторно ги повика Србите и Косовците на разговор на 1 февруари но средбата, според медиумите, била тотално неуспешна.

Делегацијата од Приштина побарала од Србија признавање на независноста што Белград го отфрлил. А Србија од Приштина побарала спроведување на договорот за Заедницата на оштините на Косово мнозински населени со Срби, на што владата на Косово гледа како на прв чекор кон поделба на Косово.

Крај или пауза на тензиите?

Сепак, со помош на меѓународната заедница тензиите се смирија. Претставници на Белград и Приштина во текот на минатата ноќ постигнаа договор за уредувањето на мостот во Косовска Митровица. Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ информира дека договорот бил постигнат по повеќечасовни преговори во Приштина заедно со претставници на Брисел и Вашингтон.

Ако се спроведе, договорот може да се гледа со умерен оптимизам, изјави Ѓуриќ, истакнувајќи дека до него се дошло исклучително благодарејќи на „дипломатските активности и фактот што премиерот Александар Вучиќ застанал на страната на Србите на Косово и кажал дека насилството нема да биде толерирано“.

Ѓуриќ ја критикуваше ЕУ  бидејќи според него Брисел и попушта на Приштина.

Тензијата засега е смирена но проблемот помеѓу двете земји не е решен.  И нема најави за нов дијалог помеѓу Белград и Приштина во Брисел.

Александар Вучиќ Белград Брисел Вашингтон воз дијалог ѕид Приштина тензии Хашим Тачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.