Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Шарена револуција против изборниот криминал

0
By Нова ТВ on May 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 4, 2016 22:33

снимател: Трајче Антоновски

Нема услови за фер избори без прочистен Избирачки список и тоа е една од причините поради кои остануваме на улица, порачаа и на денешниот протест учесниците во Шарената револуција во Скопје.

Целта кон која се насочи револтот денеска беше зградата во која е сместена Државната изборна комисија (ДИК), а врз која завршиај балони во различни бои.

-Избори со ваков избирачки список не може да има. Над 300 илјади лица во Избирачкиот список се сомнители. Од нив, само 80 илјади беа теренски проверени, над 40 илјади лица не беа пронајдени никаде. Фантоми ли се, што ли се? Да не ги коментираме и гласачите од Пустец. Над 120 илјади гласачи воопшто не беа предмет на теренска проверка. Kога ДИК ќе ги проверува, има ли време до 5. јуни?, рече една од присутните демонстранти.

Протестот традиционално започна пред Специјалното јавно обвинителство. Таму поддршка на демонстрантите им даде и поранешниот евроамбасадор во Македонија Ерван Фуере, кој истакна дека невозможно е да се одржат избори во ваква ситуација, затоа што треба да се спроведат неопходните реформи, меѓу кои се и регулацијата на медиумите.

-Ги поддржувам овие луѓе кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата, рече Фуере.

Според него одлуката за аболција Иванов мора да ја повлече со цел да се обезбеди непречена работа на Специјалното обвинителство.

Освен Фуере, поддрша на граѓанските протести дадоа и функционери од опозициската СДСМ,д одека на протестот можеа да се забележат граѓани од најразлична возраст.

Со знамиња и свирежи, тие традиционално протестот го започнаа пред Специјалното јавно обвинителство. Оттаму под транспарентот „Државен изборен криминал – #протестирам“.

Оттаму колоната го продолжи маршот кон Народната канцеларија на Иванов, поминаа и покрај Собранието и Агенцијата за медиуми  за да завршт пред Државната изборна Комисија.

Објектите беа под засилено полициско обезбедување, а дел од демонстрантите и денеска не се откажаа од молбата кон полицијата да ги спушти штитовите и да се приклучи на протестите.

Со цел да се заштита полицајците од боја, демонстрантите понудија заштитни наметки за кордот пред ДИК, но откако полицијата ги одби, дел од бојата заврши врз нивните штитови.

Свирежи и негодување имаше и за службениците на МВР кои внатре од зградата на ДИк го снимаа целиот протест, додека ходникот на објектот беше преполн со специјалци.

Нешто по 20 часот демонстрантите ја напуштија улицата пред ДИК, а на неа останаа испишаната парола „Крајот е шарен“.

Граѓаните обединети под движењето #Протестирам  бараат повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, како и повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни. Дел од барањата се и  вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

По протестот пред ДИК, дел од граѓаните се упатија пред Владата, а потоа и мирно се разотидоа.

Атмосферата од денешниот протест хронолошки може да ја погледнете во видеото кое го подготви екипата на НОВА.

#шаренареволуција аболиција демонстранти Дик Иванов Избирачки список избори протест Фуере
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.