Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За ВМРО-ДПМНЕ Иванов коректен, за опозициските партии – несоодветен

0
By Нова ТВ on December 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по денешното годишно обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов, одржа прес-конференција на која го соопшти ставот на неговата партија, односно дека тие сметаат дека Иванов сосема точно и прецизно ги лоцирал проблемите со кои што се соочи Република Македонија во текот на 2016-та година.

– Пораките на Претседателот Иванов, дека нема да се согласи со било какво редефинирање на Република Македонија во насока на бинационална држава, кантонизирање или било кое друго редефинирање е пораки кои што треба да стигнат до секој одговорен и совесен политичар во државата и пример затоа како се бранат националните и државни интереси, реле Милошоски.

Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во целост се согласува со ставот на Претседателот,  дека е недозволиво за политички или за лични цели некој во недостаток од реална програма да тргува со националните интереси за своја користољубива корист.

– Обраќањето на Претседателот Иванов беше обединувачко и помирувачко, што дефинитивно му е неопходно на македонскиот народ и на македонските граѓани, и сметаме дека неопходно на овој начин и со вакви помирувачки тонови треба да дадеме пример и на другите политичари. Сепак од Претседателот Иванов очекувавме поконкретно да ја посочи одговорноста која што треба да претходи на било кое политичко или национално помирување. Мора да биде точно лоцирана вината за насилните вандалски протести, за уништување на државен имот, за уништување на културно наследство, за уништување и деградирање на институции, порача Милошоски во име на партијата.

Тој резултатите од изборите на 11-ти декември ги толкува поинаку од СДСМ и нивната реакција.

– Волјата (на граѓаните) беше дека се определени мнозинството за стабилна и унитарна, економски напредна Република Македонија. Граѓаните му покажаа и на господинот Зоран Заев дека со својата деструктивна политика не може да победи. И затоа сметаме дека волјата на граѓаните треба во целост да се почитува, порача тој меѓу другото.

Реакција на Демократскиот сојуз

И Демократскиот сојуз, партијата која ја предводи Павле Трајанов реагираше по обраќањето на Иванов. Оттаму пак велат, Иванов настапил политички и во одбрана на партијата која го кандидираше за функцијата – ВМРО-ДПМНЕ.

– Претседателот треба да е репрезент на сите граѓани, објективен, праведен и државник, а не партиски гласноговирник, порача ДС.

Оттаму оценуваат дека и по  осум години Ѓорге Иванов продолжил да држи партиски говор делејќи го народот и праќајќи пораки на осуда кон сите што поинаку размислуваат и се залагаат за владеење на правото и законите да важат подеднакво за сите.

– Отворање “војна” против таканаречениот внатрешен и надворешен непријател е манир на еднопартискиот систем и покажува дека ниту Ѓорге Иванов ниту пак било кој друг од владејачката партија е подготвен да прифати одговорност за кризата во која е вовлечена Македонија, а уште помалку да ја респектира определбата на над 612.000 граѓани кои се определија за промени, реагира партијата.

СДСМ, Беса: Иванов настапи политички

Претходно во текот на денот на говорот на Иванов реагираа и СДСМ и новата партија во Собранието, со пет претставници, Беса.

Од СДСМ посочија дека Иванов 10 години ја влече Македонија наназад.

„Нападите на Ѓорѓе Иванов кон мнозинството граѓани кои избраа промени, кон СЈО, кон ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница, е продолжение на политиките на конфликт на неговиот ментор Никола Груевски. Иванов е составен дел од проблемот што десет години ја влече Македонија назад. Тој со неуставните и незаконски помилувања, застана во заштита на криминалот, против интересите на народот и доцна е да се правда, за се ќе има одговорност“, порача меѓу другото СДСМ.

Беса пак, велат, она што Иванов го зборувал во обраќањето, не е во негова надлежност.

Претседателот Ѓорѓе Иванов во денешниот говор, пред да повика на помирување помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ посочи вина кај опозицијата, СЈО, Брисел и НАТО.

Антонијо Милошоски Беса ВМРО-ДПМНЕ годишно обраќање Демократски сојуз Ѓорѓе Иванов Зоран Заев СДСМ СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.