НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Ахмети имаат многу работа, а малку време

0
By Нова ТВ on August 11, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на СДСМ и ДУИ, како и нивните партиски функционери во работните групи, и натаму во целосна дискреција ги водат преговорите за мнозинство што треба да ја формира новата влада. Јавноста не дозна ништо повеќе ниту од изјавите на Зоран Заев, ниту од Али Ахмети по нивната вчерашна двочасовна средба во Собранието од каде излегоа без вест за постигнат договор.

Ако се земе предвид изјавата на Ахмети „колку што сме блиску, толку сме и далеку од формирање влада“, произлегува дека во изминативе денови не е направен исчекор и дека разговорите тапкаат во место. Но, со оглед дека и од двете партии повикуваат на „трпение“ или „соопштување на резултатите кога ќе дојде време“, оставаат впечаток дека сепак се надеваат на успешен процес, коментира „Дојче Веле“.

Ни Заев ни Ахмети вчера не открија дали пречка за напредокот во разговорите е барањето на ДУИ за премиер Албанец. Заев кратко изјави дека „ако навлезе во коментари, нема да помогне на преговарачкиот процес“, а и Ахмети избегна директен одговор.

„Не сакам прв да го кажам последниот збор. Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока и подготвени сме ова да го направиме за државата, затоа што придобивка ќе имаат стабилноста и државата, како и доближувањето на заедниците. Се надевам дека сите партии ќе имаат силна волја за да ги надминеме разликите и потешкотиите“, рече Ахмети.

Во однос на прашањето за премиер Албанец, засега кружат само шпекулации од партиските кулоари. Според едни, ДУИ наводно инсистирала на моделот три години премиер од СДСМ, една од ДУИ, а наводно се разговарало и околу редоследот (кој прв да ја презеде премиерската палка). Според други, тоа барање било во сенка на разговорите за зголемена партиципација во власта на кадри од ДУИ, соодветно на изборните резултати.

Превидливост, а не нови избори

Од двете партии никој официјално не се впушта во коментари на ваквите шпекулации, со образложение да не му се наштети на процесот. Сепак, постои впечаток дека и во високите партиски ешалони не постојат многу сознанија за разговорите во оваа фаза, со оглед дека тие се воделе меѓу многу тесен круг на партиски функционери.

Прашањето за евентуален неуспех во разговорите и нужност од нови избори, засега го отфрлаат сите, посочувајќи на актуелни домашни и интеграциски предизвици кои бараат институтуциите што побрзо да профункционираат. На истото вчера се осврна и лидерот на СДСМ.

„Нашиот став, а и ставот на другите партии со кои разговараме е дека сега нема причина да се размислува за предвремени избори. НАТО е завршена работа, одлука за преговорите имаме, меѓувладина конференција се закажува за почеток на отворање поглавја, ќе треба да работиме, а и да оставиме предвидливост и за економијата, за граѓаните и за сите“, рече Заев.

Тој најави дека преговорите ќе продолжат во следните денови.

„Верувам дека нема многу време да губиме во распределбата на ресорите, приближно знаеме кој каде е подготвен да прифати одговорност, но сето тоа ќе значи и компарација со кадрите за кои ќе се разговара. Но, дефинитивно имаме уште многу да работиме во следниве денови. Се надевам дека тоа ќе биде час поскоро или ден порано“, рече Заев.

Средба со симболика

Според шпекулациите, тој „час поскоро, или ден порано“, е 13 август, кога наводно може да се очекува евентуално финализирање на разговорите ДУИ-СДСМ. Токму на тој ден кога се одбележува и годишнина од потпишувањето на Охридскиот договор, ДУИ повика на средба на партиските лидери од албанскиот блок. Заев претходно тоа го оцени како притисок врз него, врз СДСМ и коалицијата „Можеме“.

„Ако поводот е Охридскиот договор, таму треба да бидат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ“, порача Заев.

Ахмети вчера изјави дека средбата не е посветена на одбележување на денот на потпишувањето на Рамковниот договор, туку со цел да ја продолжат комуникацијата на заедничка маса.

„Секогаш мене ме бележат дека јас не ги поканувам на таа маса, иако јас не бев следниот кој треба да го свика тој состанок, ако не се лажам тоа требаше да биде ДПА. Ова не е ниту момент за да му се закануваме некому или да правиме притисок врз преговорите помеѓу ДУИ и СДСМ, туку е само по барање на тие политички партии“, изјави Ахмети.

Во поканата што ДУИ ја упати до лидерите на парламентарните партии на Албанците, се вели дека тие се поканети „на заедничка средба што ќе се реализира на годишнината на Охридскиот договор“.

Али Ахмети Влада ДУИ Зоран Заев Избори 2020 Македонија мнозинство преговори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.