Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: Нов триумф на Вардар, Победа во елита, Шкупи во бараж

0
By Нова ТВ on May 29, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 29, 2017 00:06

Претпоследното коло во првата македонска фудбалска лига ја расчисти последната дилема во сезоната. Победа останува дел од елитната конкуренција по гостинската победа против Работнички со 3:0, а опстанок низ бараж ќе брка Шкупи, откако Силекс ги совлада чаирчани со 1:0. Стрелци за прилепчани на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари беа Гешоски во 15 минута, Станиќ во 60. и Шаркоски во 84, единствениот за кратовци беше дело на Недељковиќ во 77.

Вардар, кој пред неколку кола ја осигура новата шампионска титула, го совлада Пелистер во Битола со 3:2. Николов во 31 минута, Петковски во 35. и Фелипе во 85. погодија за радост на црвено-црните „Под Тумбе кафе“, Илијоски од пенал во 77 минута и Бујчевски во 90. реализираа за „зелените“ чии симпатизери го прифатија поразот со оглед дека, се чини, повеќе беа фокусирани на прослава на освоената титула во националниот Куп.

Најефикасните натпревари во најефикасното коло во сезоната се одиграа во Тетово и во Ѓорче Петров и во нив беа постигнати по осум гола. Ренова и Шкендија ремизира (4:4) во градското дерби под Шара. Нухиу во шестата минута од пенал, Селмани во 34., Гафури во 72. и Усеини во 85. ја тресеа противничката мрежа за „гипсарите“, хет-трик за црвено-црните“ забележа Радески (45’+1′, 58′ и 90’+2′), четвртиот гол го запиша Бесарт Ибраими во 15 минута.

Македонија ја совлада Брегалница во судирот на идните второлигаши со 5:3. Хет-трик, пак, тука постигна Јашароски (12′, 57′, 84′), по еднаш во листата на стрелци се додадоа Јакимоски во 26 минута и Хаџија во 88. Темелков во 33, Наумов во 47 и Миовски во 90 минута реализираа за штипјани.

Прва лига, 35 коло

Резултати

Пелистер – Вардар 2:3

Ренова – Шкендија 4:4

Работнички – Победа 0:3

Силекс – Шкупи 1:0

Македонија Ѓ.П. – Брегалница 5:3

Табела: Вардар 82, Шкендија 67, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 49, Силекс 46, Победа 41, Шкупи 36, Македонија Ѓ.П. 22, Брегалница 21.

Идно, последно, коло (31 мај): Вардар – Силекс, Шкендија – Пелистер, Брегалница – Работнички, Ренова – Победа, Шкупи – Македонија Ѓ.П.

Бараж Вардар Опстанок ПМФЛ Победа фудбал Шкупи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.